Поттикнати од постојаните апели на Државната комисија за спречување корупција, која со месеци и години чека другите државни институции да одговорат на нејзините иницијативи, вчера во Скопје беше спроведена креативната акција „Не под тепих“ од групата #kreativnaantikorupcija.
Целта на акцијата била на симболичен начин да им се даде поддршка на антикорупционерите и да се извадат случаите од под тепих.
„Веќе 30 години крупни корупциски случаи, но и безброј секојдневни проблеми на граѓаните, се ставаат под тепих. Вчера го прекинавме овој обичај. Барем симболично, ги извадивме случаите од под тепих. Земете го вашиот „Случај“ и ставете го НАД тепихот. Граѓаните напишаа кој случај прв треба да се извади од под тепих, го напишеа нивниот случај – маката која ја имаат поради корупција, или едноставно оставија празен лист, барем како потсетување повеќе дека проблемите веќе не смеат да се пикаат под тепих“ – истакнуваат од #kreativnaantikoprupcija.