Хрватската агенција Komunikacijski laboratorij освои злато на Indie Awards во Лондон
Агенцијата „Komunikacijski laboratorij“ со својата кампања „Приказна вредна секоја буква“ (“Priča koja vrijedi svakog slova”) освои престижна награда на меѓународните Indie Awards 2025. Во конкуренција на најиновативните светски агенции, „Komunikacijski laboratorij“ во Лондон ја освои златната награда за најдобара ПР кампања за „животен стил“.
Натпреварот Indie Awards ги слави извонредните достигнувања и влијанието на независните агенции, а оваа награда, исто така, ја демонстрира креативната извонредност во комуникациската, маркетинг и огласувачката индустрија. Со освојувањето на златото за кампањата „Приказна вредна секоја буква“, агенцијата „Komunikacijski laboratorij“ уште еднаш ја докажа својата извонредност во креирањето приказни кои ги надминуваат очекувањата и допираат до пошироката јавност. Резултатите од кампањата за промоција и заштита на наследството на меѓуморското пеење во Хрватска ги надминаа очекувањата, доведувајќи до прогласувањето на Ден на меѓуморското пеење на 28 ноември, истовремено постигнувајќи значително социјално влијание. Токму на овој датум во 2018 година, меѓуморското пеење беше вклучено на Репрезентативната листа на УНЕСКО за нематеријално културно наследство на човештвото.
„Ние сме исклучително горди на нашата улога во овој проект и тоа што кампањата „Приказна вредна секоја буква“ имаше толку силно социјално влијание. Заедничката креативност и одличната координација на крајот донесоа одлични резултати, а сите награди што ги освоивме досега само го потврдуваат овој факт. Им благодариме на нашиот клиент Marodi за довербата и на агенцијата Bruketa&Žinić&Grey за соработката“ – истакнува Мануела Шола, сопственичка на агенцијата „Komunikacijski laboratorij“.
Да потсетиме дека кампањата наменета за клиентот Marodi, хрватски производител на домашни тестенини, имаше за цел да ја промовира културата и јазикот на меѓумурскиот регион и да го пренесе знаењето од генерација на генерација. Креативниот концепт на кампањата вклучуваше уникатна колекција од пет книги, при што секоја книга содржи тестенини од азбучна супа кои одговараат на бројот на букви во стиховите на песната. Креативната идеја е развиена од агенцијата Bruketa&Žinić&Grey, додека Komunikacijski laboratorij успешно ги водеше односите со јавноста.