Изминатиов викенд од 26-ти до 28-ми април се организираше второто издание на Стартап Викендот Охрид, кое започна во петок попладне и траеше до недела вечер.
Стартап Македонија во соработка со универзитетот за информатика “Св. Апостол Павле” беа организатори на овој настан, најголем од ваков тип во државата.
На почетокот на настанот, односно во петокот беа презентирани околу 20 идеи од страна на младите професионалци пред менторите и останатите учесници на настанот.
Се гласаше за подобрите идеи, едни идеи продолжија понатаму и се работеше на изнапѓање на нивно бизнис решение, додека пак остатнатите ќе почекаат следна прилика.
Десет тима работеа на исто толку идеи во следните два дена. Вториот ден од овој настан, односно саботата беше исполнет со неколку работилници и менторска експертиза од страна на менторите.
Во третиот ден, со помош на менторите се доработуваше на бизнис решенијата и се тимовите се подготвуваа за финалните презентации пред стручнoто жири.
Кои се победници на Стартап Викенд Охрид 2024?
Првото место на Стартап Викенд Охрид го освои тимот Tail, составен од тројца учесници Кирил Младеновски, Петар Прентовиќ и Андреј Ангеловски. Бизнис решение за сите оние кои што имаат домашно милениче и им е потребна асистенција околу негувањето на истото. Овој старап, претставува All-in one pet-care & pet-management platform.
Второто место го освои тимот на Strela, составен од четирите члена: Марија Миноска, Андреј Богатиноски, Сергеј Богатиноски и Анастасија Попоска. Бизнис решение кое што им помага на малите бизниси и крајните потрошувачи во процесот на испорака на пратки. Strela би била компанија помеѓу поштата и продавачот, нудејќи им поевтини цени, броеви за следење и поедноставно доставувачко искуство.
Третото место замина во рацете на тимот Thrifty, составен од Един Хасангиќ, Стефан Анџеловиќ, Андреј Гавриловиќ, Виктор Китанов, Аниса Плакај и Мустафа Севим. Бизнис решение кое претставува онлајн маркет за second-hand облека за бебиња и деца.
Некои победија, некои најдоа нови работни места, а други пак создадоа нови конекции. Но, едно е сигурно: Сите добија нешто плус во своите професионални кариери.
„Ова беше мојот 50-ти стартап викенд и втор во Македонија како фасилитатор. Стартап Викенд како иницијатива е дел од глобалниот екосистем каде луѓето можат да научат да бидат претприемачи. Да се биде претприемач е нешто што може да биде променливо за начинот на размислување на една личност и може да го промени буквално нивниот живот. За време на 54-те часа на настанот, луѓето учат како да градат компанија и да ги испробаат врвовите и падовите на создавање компанија без да ризикуваат ништо“ – изјави Симеоне Демалас, фасилитатор на Стартап Викенд Охрид 2024.
„Чест и задоволство ми беше да бидам дел од организацискиот тим на Стартап Викенд Охрид 2024. Како домакин во Охрид имав 3 цели за овој настан: Да нема некој гладен, сите учесници и ментори да се насмеани и да излезат 5 иновативни стартапи кои ќе влезат во екосистемот за понатамошна работа на нив. Орагнизирањето на ваков тип на настани е од голема важност за економскиот просперитет и зголемување на вработеност кај младите кое позитивно влијае врз масовоното иселување на истите. Ние од Стартап Македонија ќе продолжиме да им креираме можности за влез во стартап светот на сите заинтересирани професионалци“ – истакна Јаков Јованоски, член на организацискиот тим на Стартап Викенд Охрид 2024.