Минатиот петок (10 јуни 2016) во City Hall Centre се одржа Showtime, првата конференција за евент индустријата кај нас.
Настанот помина одлично, со вкупно 90 учесника и седум врвни говорници кои презентираа извонредна содржина од областа на планирање и дизајн на настани.
Гостувањето на еминентни говорници од калибарот на Rob Davidson, Martijn Timmermans, Tim Corporaal, Gorazd Cad итн го става Скопје на мапата во светот на евент индустријата. Коментарите од говорниците како и од присутните се повеќе од позитивни – а може да се издвои заедничкиот заклучок дека конечно и кај нас се организираше настан на оваа тема која во маркетинг светот е во подем веќе некое време (за разлика од нашата индустрија како да беше по малку „заспана“).
Нѐ радува позитивното искуство и коментари на говорниците кои беа позитивно изненадени од активноста, комуникацијата и квалитетот на предложени идеи од самите учесници, што е уште една потврда дека поседуваме сериозен креативен потенцијал и професионална основа за работа во оваа индустрија. Коментарите од присутните пак – повеќе од задоволни од содржината и квалитетот на говорниците кои сепак се едни од посериозните имиња во оваа индустрија во светот.
Фантастично поставена основа за конференција која ќе расте и допрва ќе нѐ постави на мапата во евент индустријата. Настан кој не смее да се пропушти, задолжителен за маркетинг и евент професионалци, но и ентузијасти кои знаат да препознаат квалитет. Ако го испуштивте годинава, тоа никако не смеете да си го дозволите и следната. Со нетрпение го чекаме и се редуваме на Showtime 2017!