Креативната сцена ве очекува и во новата натпреварувачка сезона: во тек се пријавите за BalCannes – големиот натпревар и платформа за истакнување на креативниот потенцијал на регионот, кој ги собира најдобрите креативни умови од Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија, Словенија и Србија!
Оваа година организаторите за учесниците подготвија бројни новини во сегментот на категории и групи, со што се обезбедува поголема регионална видливост за сите натпреварувачи. Агенциите кои во последните три години не учествувале во натпреварот можат да ја искористат погодноста на прва бесплатна пријава, додека за оние кои учествувале во последните две години се применува моделот 3+1 (односно 6+2, 9+3…), при што секоја четврта пријава не се наплатува.
Можност за пријавување имаат целосни, интегрирани кампањи, како и поединечни, уникатни делови во рамките на една кампања кои претставуваат единствена идеја спроведена во текот на двегодишниот квалификациски период од 23 јануари 2024 до 23 јануари 2026. Редовниот пријавен рок трае уште кратко – до 18.12.2025, додека доцниот пријавен рок завршува на 23.1.2026.
BalCannes не е само натпревар, туку и можност да се докажете пред жирито составено од водечки огласувачи, агенции и медиуми од комуникациската индустрија. Покрај признанијата и видливоста, победниците уживаат и статус во индустријата, како и бројни можности за понатамошна соработка и мрежно поврзување. Агенциите имаат можност да ја покажат иновативноста и квалитетот на своите кампањи, а пријавените проекти се истакнуваат со тоа што го обележале пазарот, биле храбри во пристапот и донеле мерливи резултати.
Да потсетиме, посебна новина е дека од оваа година проектите ќе се оценуваат и по канали, односно формати во кои се реализирани, а не исклучиво во пазарните категории, во рамки на новата група „Best in Channel“. Во групата „III. Best of Branding & Rebranding“, која е препознаена како посебен стратешки и креативен предизвик, истакнати се категориите „Branding“ и „Rebranding“, а групата „I. Best on Market“ добива две нови категории: „Technology & Electronics“ и „Energetics & Mobility“.
Најдобрите проекти ќе бидат прогласени на 7 мај 2026 на главната сцена на фестивалот Денови на комуникациите 2026 во Ровињ, а повеќе информации може да најдете на официјалната веб-страница.










