Остануваат уште десетина дена до крајниот рок (7 април) за пријавување на еден од најголемите креативни фестивали во Централна и Источна Европа – White Square, додека пак првите победнички агенции ќе бидат познати уште на 19 арпил.
Популарноста на White Square расте секоја година, одржувајќи ја својата одлична фестивалска традиција. Претставници на The Gunn Report, кои присуствуваа на White Square, го посочија како фестивал со висок квалитет на пријавени кампањи, членови на жирија и општа организација. Креативниот фестивал White Square е дел и од глобалната креативна листа на AdForum Business Creative Report.
На фестивалот е дозволено да се пријавуваат само реализирани кампањи. Сите пријавени креативни дела ќе бидат жирирани офлајн од страна на шест специјализирани жирија, составени од експерти од 25 различни држави, кои заедно имаат освоено над 200 награди на Cannes Lions, D&AD, Effie и други престижни фестивали на креативните комуникации.
Пријавените кампањи кои веќе ја поминале процедурата на модерирање поже да се погледнат на официјалниот веб-сајт, а до 7 април остануваат уште десетина дена за дополнително пријавување. Организаторите ги покануваат сите комуникациски, маркетинг и медиа агенции, дигитални и дизајнерски студија и други компании кои работат во сферата на комуникациите да земат учество на White Square.
Дополнителен бонус за сите учесници е и широката промоција која победничките агенции и кампањи ќе ја добијат во медиумите поврзани со комуникациската индустрија во Европа, односно застапеност во преку 30 струковни публикации кои ќе го следат одржувањето на фестивалот.
Креативниот фестивал White Square ќе се одржи во Минск, Белорусија, од 17 до 19 април. Организатор на фестивалот е Асоцијацијата на комуникациски и маркетинг агенции на Белорусија, која подготви богата фестивалска програма која ќе вклучува преку 70 предавања, работилници и дискусии за иднината на креативноста, брендингот, маркетиншката ефективост. Фестивалот ќе вклучува и забави на кои учесниците ќе можат неформално да се дружат со своите колеги од различни држави.
Регистрацијата за White Square е отворена на официјалнио веб-сајт: adfest.by.