Македонскиот медиумски пазар наредниов период ќе биде збогатен со содржините на уште 2 нови телевизии.
ТВ Шења е нов проект на „Медиа ворд њуз“ со двојазична програма на албански и македонски, која ќе се следи и на територијата на Албанија, Косово и дијаспората. Главен уредник, како што пишува eMagazin.mk, ќе биде Исмаил Синани, а во тимот помеѓу другите ќе бидат и Мухамед Зекири, Алди Бакиу, Јулија Симоновска, спортскиот водител Фатом Зугаради, Линдита Кадриу… Телевизијата е сместена на улицата улицата „Џон Кенеди“ во Чаир.
Втората телевизија ќе биде Телевизија Нова чиј сопственик е познатиот скопски бизнисмен Сеад Кочан. Новото друштво е веќе регистрирано во Централниот регистар со паричен влог од 100.000 евра, а управител е Асмира Кочан, а со работа треба да почне во јануари.
Да потсетиме и дека пред речиси два месеци стартуваше и Телевизијата 21, која започна со емитување на програма на 21 септември, во 21 часот, како симболика на името, кое е препознатливо кај албанската публика, бидејќи косовската ТВ 21 (каде веќе постои 17 години) е најгледаниот албански странски канал кај нас и ова ќе биде нејзино прво проширување надвор од границита на Косово.