Натпреварот Golden Drum е отворен и прифаќа апликации до 21 август 2024 година. Сите огласувачи, агенции, медиумски агенции и експерти за пазарни комуникации се поканети да ги пријават своите најдобри проекти на овој долгогодишен престижен меѓународен натпревар за креативност. Наградите ќе бидат доделени на славеничкото 30. издание на Golden Drum на 10 октомври 2024 година во Порторож, Словенија.
Натпреварувачки дел
Golden Drum прифаќа апликации за сите проекти што се емитувани, објавени или имплементирани за прв пат помеѓу 22 август 2023 и 21 август 2024 година.
Пријавените проекти ќе бидат разгледани и оценувани од 56 членови на жирито од над 30 земји.
Оваа година, фестивалот ја претстави новата B2B група во секцијата за Креативна деловна извонредност, нудејќи им на бизнисите нови можности да го покажат својот успех во справувањето со предизвиците на индустријата која брзо се менува. Категориите во оваа група опфаќаат низа иницијативи фокусирани на B2B, како што се B2B Brand Re: Fresh, B2B Storytelling итн. Видете ги сите новитети за натпреварот ОВДЕ.
Агенции, огласувачи, клиенти, дизајнерски/продукциски куќи, медиумски компании и други креативци од 42 земји се поканети да ги пријават своите проекти во шест различни секции: One-Channel Drum, Omni-Channel Drum, Craft Drum, Creative Media Excellence Drum, Creative Business Excellence Drum, и специјалната All Juries Section.
Golden Drum со гордост објавија дека се вклучени во Креативното рангирање на WARC, а од оваа година и во Светското Креативно Рангирање на The Drum.
Прочитајте повеќе за натпреварувачкиот дел на фестивалот Golden Drum на следниот ЛИНК.
Натпревар за млади креативци
Во партнерство со Словенечкото туристичко биро, Golden Drum ги поканува младите креативци до 30 години да учествуваат на натпреварот Young Drummers 2024.
Овогодинешниот предизвик е да се дизајнира привлечен постер или серија на постери на тема „You can’t spell Slovenia without love and that is why you must love it“.
Победникот на натпреварот ќе добие парична награда од 1.000 евра и целосна делегатска карта за присуство на 30-то издание на фестивалот Golden Drum. Сите автори на дела кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат наградени со бесплатна делегатска карта.
Членовите на жирито на натпреварот за млади креативци, Александра Липеј и Тина Срачњек од Словенечкото туристичко биро, нудат совети:
„Креативниот предизвик на овогодинешниот натпревар Young Drummers е да се заљубите во Словенија. Како што вели познатата изјава, Словенија не можете да ја напишете без љубов. Затоа, замислете дека сте свежо заљубени и оставете ја вашата креативност да тече, бидејќи тоа е најдобриот дел. Споделете ги вашите размислувања, а возбудливата вест е дека вештачката интелигенција може да ви помогне да го креирате најдобриот креативен постер. Затоа, направете го вашето истражување и заробете ги срцата на сите со Словенија до тој степен што тие со нетрпение ќе очекуваат да ја посетат. Целта е Словенија да се претстави како енергична и претстојна „тренд“ дестинација преку инспиративна креативна идеја со нов пристап.“
Крајниот рок за пријавување на натпреварот за млади креативци е 9 септември 2024 година.
Прочитајте повеќе за Young Drummers на следниот ЛИНК.
Најавени првите говорници
Оваа година фестивалот Golden Drum го слави својот 30-ти роденден, а програмата ветува низа едукативни предавања и сесии кои поттикнуваат резмислување. На сцената ќе се појават разновидни експерти од целиот свет, нудејќи им на присутните одлична можност за учење и инспирација од професионалци од светска класа.
Адам Керж, генерален креативен директор во Accenture Song Europe, претседател на жирито за креативна деловна извонредност и добитник на преку 100 светски награди за огласување ќе понуди инспиративна сесија.
Кентаро Кимура, меѓународен генерален креативен директор и корпоративен директор во Hakuhodo, основач на Hakuhodo Kettle и претседател на жирито на скецијата Omni-Channel ќе се осврне на комплексноста на современите проблеми со кои се соочуваат клиентите и општеството. Во својата сесија, тој ќе презентира како иновативните глобални решенија можат да бидат инспирирани од истражување на локалните култури.
Пум Лефебур, ко-основач и генерален креативен директор во Design Army и претседателка на жирито за Craft Drum, ќе ја истражи длабоката моќ на дизајнерот да обединува, комуницира и инспирира акција. Нејзината сесија, „Дизајн за влијание и акција“, ќе илустрира како креативните напори можат да остават трајно влијание врз заедниците и да катализираат позитивни промени.
Џенет Левин, глобална директрка за иновации во Mindshare и претседателка на жирито за креативна медиумско извонредност, ќе нè одведе во медиумска утопија. Со замислување на иднината на медиумите и маркетингот низ различни утописки земји, таа ќе ги нагласи стратешките промени што маркетерите можат да ги усвојат за да ги направат нивните бизниси отпорни на предизвиците на иднината.
Малколм Појнтон, глобален генерален креативен директор и претседател за креативност во Cheil Worldwide, ќе сподели нови психолошки наоди кои покажуваат дека емотивната креативност води до поголем успех, откривајќи неочекувани сознанија за перцепцијата на брендовите и ефективноста на огласувањето.
Џеј Ричардс, извршен директор на Imagen Insights, ќе се насочи кон значајните промени во однесувањето на потрошувачите претставени од Генерација Алфа и нивните импликации за брендовите и агенциите. Тој ќе ја нагласи важноста на маркетерите да ја слушаат Генерацијата Зет и да ги искористат нивните увиди за ефективно да ја ангажираат Генерацијата Алфа.
Рику Васинен, извршен директор на Hasan & partners, ќе ја предизвика фиксацијата на индустријата со преголема цел на брендот што доведе до губење на фокусот, и наместо тоа, ќе ги открие најодржливите начини за градење трајни брендови – со интегрирање на креативноста и хумор во пристапот.
Гај Вијнк, глобалниот извршен директор на AnalogFolk Group и претседател на жирито на скецијаа One-Channel, ќе го расветли енергичниот креативен топилник на Источна Европа. Во својот говор насловен „Откривање на креативноста: Прифаќање на различноликоста во Источна Европа“, Гај ќе го нагласи значењето на инклузивноста во уметноста со цел обликување на посветла иднина.
Клучни датуми
Фестивалски датуми и локација: 9 – 10 октомври 2024, Гранд Хотел Бернардин, Порторож, Словенија
Краен рок за пријавување: 21 август 2024 година во 23:59 часот по средноевропско време
Краен рок за пријавување во натпреварот за млади креативци: 9 септември 2024 година во 23:59 часот по средноевропско време
Објавување на финалистите: 2 октомври 2024 година
Наградна церемонија: 10 октомври 2024 година
Начин на пријавување: https://engine.goldendrum.com/
Котизација за учество во натпреварот: https://goldendrum.com/competition/competition-fees-payment/one-channel-drum-prices
Котизација за делегати на фестивалот: https://goldendrum.com/attend/delegate-fees