Македонските дами што оставиле силен белег со своето деловно и општествено работење за прв пат ќе бидат наградени со признанието “Жена на годината”.
Изборот “Жена на годината” (www.zenanagodinata.mk) ќе се оддржи во склоп на конференцијата “200 жени претприемачки” кој се одржува по третпат во четврток (21.11) во Рагуза360 во Скопје во организација на Kasia Events.
Конференцијата започнува во 09:00 часот, а плакетите за победничките во изборот “Жена на годината” ќе бидат доделени со почеток од 13:30 часот.
Во изборот како финалисти по предлог од организаторот и онлајн-публиката која учествуваше со 569 номинации, влегоа вкупно 50 жени во 10 различни категории. Победничките по категории со своето бодување ќе ги избере жири комисија составена од 10 професионалци кои доаѓаат од медиумите и бизнисот.
Сите оние што се заинтересирани да набават котизации за конференцијата “200 жени претприемачки” тоа може да го направат на следниов телефонски број: 070 391 921.
Покровители на конференцијата се Пивара Скопје – Генерален спонзор, Кроација Осигурување, Swisslion, KARIERA.mk, Kuege+Nagel, БироМаркет, Anabella, Bella, Bioxine, Бизнис Академија Смилевски, Маркетинг Микс, Energi Studio, Rifarm и Pageland.
Медиумски партнери : Fakulteti.mk, Marketing 365, Zenski Magazin, Alfa TV и Srekja.mk