Утре, 13 октомври 2021, од 10 часот предпладне стартува овогодишното 27. издание на Меѓународниот креативен фестивал Golden Drum, кој овој пат се одржува онлајн и бесплатно за сите заинтересирани гледачи.
Во текот на следните три денови, до 15 октомври, на виртуелната сцена на Golden Drum ќе се појават повеќе од 50 меѓународно признати говорници од 20 различни држави кои ќе ги споделат своите искуства и знаење директно до удобноста на вашиот дом или канцеларија.
Првиот дел ќе биде посветен на „младите барабанџии“ до 30 годишна возраст. За време на Креативниот акцелераторски ден, поддржан од Costa Coffee, нашите идни креативни лидери ќе можат да научат нови вештини, да се запознаат со нови алатки и да добијат свежа инспирација која ќе ги води на патување кон извонредноста.
За време на трите фестивалски денови, ќе може да се слушнат важни поуки од индустриските лидери, како тие се прилагодиле кон новиот начин на живот, работа и креација, но и најважно – кои се нивните „рецепти“ за успех.
Фестивалот ќе биде крунисан со големата наградна церемонија закажана за 19 часот на 15 октомври, на која ќе бидат прогласени најдобрите кампањи од натпреварувачкиот дел на фестивалот.
Регистрацијата за следење на фестивалот е достапна за секого преку следниот линк.