Сите филмови ќе може да се гледаат онлајн на официјалната веб-страница на фестивалот – бесплатно и без регистрација
Третото издание на меѓународниот фестивал на документарни филмови во организација на Al Jazeera Balkans (AJB DOC), кој ќе се одржува од 11 до 15 септември во прилагоден, онлајн формат поради пандемијата на корона вирусот.
Пандемијата имаше негативно влијание врз многу сегменти на општеството, па така и врз организацијата на фестивали во светот и регионот. Многу фестивали се одложени, додека други се пролонгираат или пак се прилагодуваат на новонастанатите услови и програмата ја префрлија во дигитален контекст. Еден од нив е и AJB DOC, овозможувајќи ѝ на својата регионална публика можност да ги гледа сите документарци бесплатно на фестивалската веб-страница, без потреба за регистрација.
„После две успешни изданија на филмскиот фестивал AJB DOC, сметавме дека е од суштинско значење да го одржиме континуитетот и да се прилагодиме на новите услови, пред сé поради авторите, но и поради публиката, кои се и причината за започнувањето со проектот за организација на документарниот филмски фестивал тука во Сараево,“ истакнува директорот на Al Jazeera Balkans, Тарик Додиќ.
И покрај предизвикувачките услови за работа, организаторите на AJB DOC посочуваат дека може да бидат задоволни со бројот и квалитетот на филмовите кои се пријавиле за учество. Од скоро 300 пријавени филмови, за овогодишната програма се избрани 18 документарни филмови, поделени во три категории: 10 филмови во натпреварувачкиот дел, 5 филмови во категоријата “AJB Prikazuje” и 3 филмови во категоријата “Last Minute Cinema“.
Во рамки на 18-те избрани документарни филмови со врвна продукција кои ќе бидат достапни онлајн на овогодинешното издание на AJB DOC, шест ќе бидат емитувани како светска премиера, а осум ќе бидат емитувани како регионални премиери.
„Ќе го одржиме континуитетот на фестивалот и покрај отежнувачките околности, ќе допреме до публиката и авторите, до светските, но и регионални продукции. Оваа година ќе се занимаваме со теми за кои се молчи и за кои е непопуларно да се зборува, теми од кои главата ја вртиме на другата страна, но теми за кои мора да се зборува поради идните генерации. Ќе се занимаваме и со теми од минатото кои се важни за денес и утре, но исто така и за теми што го забрзуваат чукањето на срцето, носат насмевка и будат гордост,“ посочува директорот на фестивалот, Едем Фочо.
На фестивалот ќе бидат доделени и три награди. Меѓународно стручно жири составено од три членови ќе го избери најдобриот филм во напреварувачката категорија на фестивалот и ќе ја додели главната награда “AJB DOC Main Award“, односно ќе го избери најдобриот филм во категоријата “AJB Prikazuje“, кој ќе ја добие истоимената награда. Сите натпреварувачки филмови ќе влезат и во конкуренција за наградата “AJB Program Award” која ја доделува програмското жири на Al Jazeera Balkans. Поради специфичните околности на виртуелното издание на овогодинешниот фестивал, наградата за најдобар филм според публиката нема да биде доделена.
Овогодишното, трето издание на AJB DOC Film Festival се одржува под покровителство на BH Telecom.
Програмата на фестивалот е достапна на официјалната веб-страница online.ajbdoc.ba.