Брендот на рум Captain Morgan, дел од асортиманот на Diageo, ја лансираше својата најголема кампања за умерено пиење алкохол досега, насловена “Enjoy Slow” („Уживајте споро/полека“).
Главна ѕвезда на кампањата е британско-ганската пејачка и раперка Бри Ранвеј, која во главниот спот изведува успорена верзија на класичниот евроденс хит “Rhythm of the Night” од 1993 година.
По повод отпочнувањето на кампањата, глобалниот бренд директор на Captain Morgan, Самори Гамбра, посочи: „Сакаме да придонесеме умереноста да стане социјална и културна норма – користејќи ја моќта на нашиот маркетинг и спонзорства за да ги вклучиме потрошувачите во што поголем обем“.
Кампањата првично ќе се имплементира во Обединетото Кралство и Јужна Африка, па во Источна Европа, а потоа и на други светски пазари. Од компанијата очекуваат да достигнат 163 милиони импресии само во првиот бран на кампањата.
Совпаѓајќи се со лансирањето, брендот ги зајакнува и своите долгогодишни односи со американските спортски асоцијации за да помогне во поттикнувањето на консумацијата на вода, а неодамна соработуваше и со Think во Обединетото Кралство во насока на справување со проблемот на пиење и возење.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција Virtue Worldwide и продукциската куќа Pulse Films.