Тимот составен од Валентин Томов, копирајтер во агенцијата Noble Graphics, и Христа Георгиева, креативен директор на Wunderman Thompson Sofia, победи на националниот натпревар за млади креативци Young Lions Bulgaria.
Натпреварот го организира Бугарската асоцијација на комуникациски агенции, официјален претставник на Меѓународниот фестивал на креативноста Cannes Lions за Бугарија.
На овогодинешното издание на националниот натпревар за млади креативци учествувале 31 тим, кои што добиле задача да изработат предлог дигитална кампања за промовирање на мобилната апликација Fashion Days со цел поттикнување повеќе преземања и употреба кај различни возрасни групи.
Второто место на националниот натпревар го освои тимот на Севдалина Андреева и Виктор Манчев, дел од All Channels Communication, додека пак третото место им припадна на Нели Кирова и Мартин Господинов од агенцијата Human.
Победниците Валентин Томов и Христа Георгиева ќе учествуваат во финалето на Global Young Lions 2023 во категоријата Digital, натпреварувајќи се со млади креативци од целиот свет. Натпреварот ќе се одржи како дел од фестивалот Cannes Lions 2023, од 19 јуни до 23 јуни 2023 година.