Австриската Erste Bank ја слави вистинската приказна за Божиќната песна „Тивка ноќ“ во инспиративен триминутен филм, потсетувајќи ја публиката дека секој и секаде може да биде искрата што го менува светот.
Новата Божиќна реклама на банката нè враќа назад во 1818 година, во австриското село Оберндорф, каде што се запознаваме млад човек кој ги гледа своите соседи како се борат со сиромаштијата и гладот, добивајќи инспирација да најде начин да им внесе малку топлина и надеж во нивните животи.
Тој човек е вскушност Jозеф Мор, локалниот свештеник, кој заедно со неговиот пријател – наставникот по музика Франц Ксавер Грубер, компонираат песна на Бадник 1818 година. Тие ја нарекуваат „Тивка ноќ“ и ја изведуваат истата вечер за време на Божиќната миса. Овој скромен гест не само што ќе ги допре срцата на луѓето во малото село, туку истото го прави низ целиот свет веќе со децении, па дури и со векови.
Краткиот филм истражува со голема историска точност како, од првата изведба на Мор и Грубер во мала рурална црква, песната „Тивка ноќ“ се пренесува низ генерациите и ги опфаќа сите краишта на Земјата, за да стане најсниманата песна во светот – со над 130.000 верзии на повеќе од 300 јазици!
Кампањата е создадена во партнерство со агенцијата Jung von Matt/Donau од Виена, која веќе 10 години соработува со Erste Bank, а нивните Божиќни реклама станаа препознатлив и традиционален белег на банкарскиот бренд. Овогодишната кампања ќе се спроведува на клучните пазари на Erste Bank во Австрија, Унгарија, Хрватска, Чешка, Словачка, Србија и Романија.
„Среќни сме што ќе ја споделиме извонредната приказна за Франц Ксавер Грубер и Jозеф Мор со светот овој Божиќ. Нивното патешествие е доказ за моќта на двајца поединци кои веруваа дека една едноставна песна може да инспирира надеж и да го промени светот на подобро“ – истакнува Мајк Наги, извршен креативен директор и партнер во Jung von Matt/Donau.