Еден џоинт ќе биде обезбеден во продавниците со канабис за лица постари од 21 година
Како поттик за имунизација против корона вирусот, Вашингтон ќе им обезбеди на возрасните бесплатен џоинт откога ќе примат вакцина.
Државниот одбор за алкохолни пијалоци и канабис соопшти дека кампањата наречена „Џоинт за вакцина“ ќе стапи на сила веднаш и ќе трае до 12 јули, пренесува Си-Ен-Ен.
Еден џоинт ќе биде обезбеден во продавниците со канабис за лица постари од 21 година, а кои ќе примат прва или втора доза на вакцина.
Акцијата се однесува само на цигари од марихуана, а не на други производи од канабис. Во Вашингтон, околу 58 проценти од луѓето досега примиле една доза, а 49 добиле втора доза.
Слична акција најави и сојузната држава Аризона.
Државиот одбор за алкохолни пијалоци и канабис во Вашингтон неодамна им обезбеди на жителите бесплатно пиво, вино или коктел со доказ за вакцинација.
Многу држави во САД нудат бесплатни крофни или билети за бејзбол натпревари за да ги мотивираат луѓето да примат вакцина.