Василије Чорлука, Креативниот директор на Публицис Македонија е избран да биде дел од меѓународната жири комисија на Љубљана Постер Award натреварувањето кое се одржува во склоп на Golden Drum а е под покровителство на Градот Љубљана.
Во жири комисијата со која годинава ќе претседава Џејсон Ромејко, еден од светски најпознатите креативни директори добитник на некои од најзначајните креативни награди во светот, покрај Чорлука ќе бидат и Catalin Dobre, Извршен креативен директор на McCann Bucharest, Márton Jedlicska, Креативен директор во Isobar, Budapest и Tjaša Ficko, заменик-градоначалник во градот Љубљана.
Љубљана Постер Award е натпреварување наменето за младите креативци до 30 години кои годинава ќе можат да ја искажат својата креативност на овогдинешната тема: Љубљана е зелена за тебе! Биди активен, биди фит!
Авторот на најдобриот постер ќе биде награден со парична награда во износ од 3.000 евра од Градот Љубљана, додека Golden Drum ќе му овозможи на победникот да присуствува на фестивалот Golden Drum 2017 со покривање на целиот износ за учество.