На 4 ноември во Скопје, претставници на некои од најголемите светски и домашни компании како TikTok, VISA, НЛБ Банка, А1, Ananas и многу други ќе бидат дел од 8-мата по ред регионална конференција за е-трговија која ќе се одржи на 4 ноември во Македонската опера и балет во Скопје. За првпат ќе биде претставен и новиот концепт на одржување на две паралелни сцени, на кои учесниците ќе се претстават со инспиративни говори и со клучни знаења од нивните области.

Четврта година по ред, Конференцијата го задржува својот регионален карактер и во текот на еден ден ќе претстави повеќе од 20 говорници – експерти во своите области,и очекува да собере повеќе од 800 заинтересирани посетители.
Во очекување на своето најголемо и најцелосно издание досега, Конференцијата за е-трговија ќе ги собере на едно место некои од најистакнатите домашни и меѓународни експерти од повеќе области. Преку инспиративни и едукативни говори, панел дискусии и сесии на прашања и одговори, говорниците ќе покажат во кои аспекти од е-трговијата е веќе достигнат потенцијалот, а каде и понатаму има простор за развој. Овогодинешното издание доаѓа со тематско проширување – покрај е-трговијата, засилен фокус ќе биде ставен и на маркетингот и вештачката интелигенција (AI), две области кои се постојан предмет на дискусија во професионалните кругови и веќе имаат големи ефекти кон индустријата.
“Е-трговијата влегува во нова ера, дефинирана од брзи технолошки промени и променливи очекувања на потрошувачите. Генеративната вештачка интелигенција (AI) го редефинира создавањето содржина, додека напредните аналитики овозможуваат носење на високо-квалитетни одлуки. Во исто време експлозивниот раст на продажните медиуми (retail media), стануваат значаен извор на приходи на компаниите во е-трговијата. Ова значи дека новите трендови го менуваат начинот на кој бизнисите ги привлекуваат и ги задржуваат клиентите.
Во исто време, важноста на податоците и маркетинг пристапот базиран на податоци, никогаш не била поголема, бидејќи им овозможуваат на брендовите да испорачуваат персонализирани искуства за своите клиенти, а со тоа и да ги унапредат своите бизнис резултати” изјави Барбара Грабивода, Publicis Groupe Chief Commerce Strategy Officer, одговорна за регионот на Централна и Источна Европа.
Конференцијата традиционално ќе започне со обраќање на претседателката на АЕТМ, Нина Ангеловска Станков, која ќе ги претстави клучните трендови и сознанија за развојот на е-трговијата во регионот во 2025 година. На сцената потоа ќе следат презентации и говори на претставници на светски познати компании како TikTok, Booking, Publicis Groupe, Wolt и многу други.
Особено интересно ќе биде да се проследи панелот на Барбара Грабивода (Publicis Groupe) под наслов „The Future of E-Commerce, Harnessing AI, Data and Connected Identity for Growth“, како и на Василије Ќорлука (Publicis Groupe) на тема „Unlocking The Potential of Your First Party Data“, кои ќе истакнат аспекти на современата трговија кои можат да ги забрзаат растот на компаниите и индустриите.

“Се радувам на можноста пред македонскита деловна јавност да го претставам решението за data-driven маркетинг пристап кое Публицис Групацијата забрзано го развивива во изминатите години и кое покажува одлични резултати кај нашите глобални и регионални клиенти. Концептот на “Connected identity” им овозможува на бизнисите целосно да го искористат потенцијалот на своите клиентските податоци за прецизно персонализирање и таргетирање на нивните маркетинг активности, со што добиваат конкретни придобивки – како повисоки стапки на конверзија и бренд лојалност, оптимизација на медиумските трошоци и повисок поврат на инвестициите (ROI). Без разлика дали се работи за компании од е-трговијата, retail, FMCG, финансиски услуги, телекомуникации или B2B, пристапот на “Connected identity”, отвара нови можности за раст, во услови на забрзани промени на деловното опкружување” – изјави Василије Ќорлука, директор за бизнис развој во Публицис Групацијата за Јадранскиот регион.
Се очекува и оваа година конференцијата да биде распродадена до последното место, со што само ќе го потврди огромниот интерес и значајноста на овој настан за компаниите и за развојот на е-трговијата во регионот. Сите заинтересира треба што побрзо да го резервираат своето место, пред бројот на посетители да биде целосно пополнет.
Повеќе информации за агендата, говорниците и билетите се достапни на официјалната веб-страница: www.ecommerceconference.mk.
Ова издание носи и тематско проширување – покрај е-трговијата, фокусот ќе биде ставен на маркетингот и вештачката интелигенција (AI), две области кои ја движат дигиталната трансформација и го забрзуваат развојот на индустријата. Новиот концепт веќе предизвика голем интерес кај компаниите и професионалците од целиот регион.




















