Агенцијата Media Solutions и системот за онлајн реклами keepaneye.mk го најавија почетокот на номинирањето на сајтови за наградите “Сајт на Годината 2014” кое ќе трае од Понеделник 10-ти Ноември па се до 20.11.2014.
Изборот на Сајт на Годината е проект која има за цел да ги промовира, развива и поддржува интернет медиумите и севкупното интернет издаваштво во Македонија.
Манифестацијата Сајт на Годината, која годинава прославува 5-годишен јубилеј, преку своите панели и предавања ги адресира сите прашања поврзани со електронскиот медиумски простор во Македонија. Мисијата на манифестацијата е да се подигне нивото на електронскиот медиумски простор во Македонија преку препознавање и наградување на најдобрите остварувања од разни области на електронското издаваштво и развој на интернет културата во Македонија.
Повеќе информации за целиот настан можете да прочитате на следниов ЛИНК.
Маркетинг365 е носител на лауреатот “Најдобар блог“ од 2011 година и верен поддржувач на манифестацијата.