Пишува: Петар Влаисављевиќ, SEM Specialist во агенцијата Drive
Потенцијалот на live видеата, дали adblocking може позитивно да влијае на адвертајзерите, предизвиците во огласувањето во апликациите, како и фактот дека производот е сам по себе најпопуларен медиум, се темите кои привлекоа најголемо внимание на маркетерите
Светот на маркетингот во 2017 година
Сега е највозбудливо време да се биде во дигиталниот маркетинг, бидејќи live видеото, AR, VR, веќе се достапни до маркетинг стручњаците ширум светот и прашањето е во која насока тие ќе се развиваат. Во VR индустријата денес reach-от е многу мал. Покрај гејминг индустријата којашто веќе го користи, може да биде многу интересен за Travel индустријата. VR ќе им помогне на луѓето не само да го замислат моментот, туку и да почувствуваат како е да се возат во бизнис класа во новиот „ербас“ на TAP или да го истражат градот кој сакаат да го посетат и на крајот да поминат низ хотелската соба која сакаат да ја букираат. Значи, на корисниците сега им е се` достапно во реално време, што допринесува за подобра организација, а таквиот вид на транспарентност ќе ги мотивира компаниите да бидат уште подобри и поквалитетни во давањето на своите услуги.
Live видеото ќе доминира во наредниот период, само содржината ќе се прилагодува на платформата, т.е. на големината на екранот на која ќе се прикажува. Сервисите како што се Facebook и Youtube live video имаат потенцијал да ја заменат класичната ТВ програма, но од техничка страна мора да се креира содржина со висока резолуција која ќе го задоволи квалитетот на прикажување на поголеми екрани. Live видеото е интересен начин да се претстави некој стартап бизнис, но не е толку ефективен при директното носење купувачи.
Како едно од доминантните мислења што може да се чуе е дека луѓето повеќе гледаат во производот, а не во огласите и затоа мора да се креира содржина со која корисниците ќе се идентификуваат, која ќе ја споделуваат, ќе добиваат лајкови и развијат таканаречен Digital Word of Mouth маркетинг, затоа што тоа е нејефтин и најквалитетен тип на маркетинг, смета Justin McLeod, CEO на Hinge.
Предизвици во огласувањето на мобилните апликации
Огласувањето во апликациите во денешно време стана голем предизвик за онлајн адвертајзерите, бидејќи корисниците симнуваат една или ниедна апликација на месечно ниво. Многу се селективни при изборот што ново ќе симнат. Од таа причина Apple отиде во полето на search огласувањето на својата app storе, но и понатаму доминантна платформа за install огласи е Фејсбук, бидејќи во оваа сфера влегоа пред сите и на огласувачите можат да им понудат ниски цени. Facebook собира многу информации за корисниците и ни овозможува најпрецизно таргетирање, така што моментално е најисплатлива платформа за огласување, според зборовите на Justina McLeoda, CEO на Hinge.
На самиот почеток, пред изборот на каналот на којшто ќе се огласувате, фокусирајте се на тоа кој сте, на вашите вредности и на вашата приказна и врз основа на тоа, ќе дојдете до валиден заклучок на кој канал ќе таргетирате. Facebook покрај платформа за пласирање на огласи може да се користи и како фокус група за тестирање на тоа како луѓето реагираат на вашиот производ или бренд, истакна Winston Binch, Chief Digital Officer, Deutsch North America,Deutsch Inc.
Дали адвертајзерите би требало да сакаат adblocking?
Интересна дебата на оваа тема имаа Till Faida, Founder & CEO Adblock Plus, и Stewart Rogers, колумнист и домаќин на VentureBeat. Заклучокот на оваа панел дискусија е тоа дека медиумите за да го избегнат наплатувањето на содржина на читателите и со самото тоа да останат конкурентни, мораат да пласираат банери, а адблокерите би требало да ги натераат адвертајзерите и медиумите да создаваат поинтересна содржина, покреативни и поиновативни форми кои би биле поинтересни за корисниците, со тоа давајќи им дополнителна вредност, а од друга страна, ја зголемуваат видливоста на брендот и поблиску го поврзуваат со купувачите.
Успешните и со Кански лавови наградените VR кампањи ни ги претставија колегите од њујоршкиот McCANN и на тој начин ни покажаа дека виртуелната реалност веќе стигна, а судејќи по се` претставува и иднина на адвертајзингот.
CTO Facebook Mike Schroepher го истакна фокусот на компаниите на три работи следната година: дронови за поврзување на оддалечените области на интернет, нови алгоритми за вештачка интелигенција и работа на „stand alone” уреди за VR. Можеби најинтересно од се`е што од Facebook покажаа приказ на новите VR слушалки кои не бараат PC, а кои веќе се во фаза на тестирање.
Посебна тема била посветена на милениумците и нивниот специфичен начин на комуницирање, како и нивните навики бидејќи тие се главната публика на социјалните мрежи. Интересно е што нивниот најважен предмет – мобилниот телефон, е поважен дури и од паста за заби и дезодоранс, што отвара огромен потенцијал за реклами. Посебно внимание било посветено и на storytelling- от и тоа како содржината го “влече“ маркетингот.
CEO на компанијата Blippar, Ambarish Mitra зборувал за тоа како AR (Augmented Reality) го менува начинот како комуницираме со брендот и истакнал дека денес производот е сам по себе најпопуларен медиум.
Лисабон овај ноември беше домаќин на 53.000 веб ентузијасти кои ја посетија Португалија со цел да разменат идеи за најновите технологии, стартап бизниси и стратегии за работење во 21 век. Четири дена Веб самит се организирани во облик на 21 конференција, во кои на учесниците им се обратиле 677 предавачи и се претставиле околу 1500 стартапи. За маркетерите покрај неколку предавања на централната сцена, била исклучително интересна Panda Conf. бината, од којашто ви ги пренесувам најинтересните детали. Повеќе за глобалните трендови од Веб самитот, ќе дознаете во наредната статија.