Новиот дизајн на Vegeta е комбинација на модерен визуелен израз и безвременска квалитетна содржина
По речиси десет години од последното освежување, најпознатиот хрватски бренд на зачин Vegeta добива нов визуелен израз кој ја зголемува неговата видливост и глобална привлечност. Целта на овој редизајн е иновативниот зачин и глобално најпрепознатливиот производ на Podravka да привлече нови генерации на потрошувачи и дополнително да придонесе за општата препознатливност на Vegeta.
Новиот изглед на Vegeta беше претставен на деловниот саем REWE Für Sie 2024 во Келн, Германија. Овој саем, организиран од еден од водечките германски и европски трговски синџири, беше одлична можност да се претстави новиот изглед на Vegeta, со оглед на зајакнувањето на позицијата на Podravka и нејзините клучни брендови, особено на пазарите во Западна Европа.
Стратегијата за насочување кон западноевропскиот пазар веќе даде резултати во првите шест месеци од годинава, па токму во Германија е забележан исклучителен раст на продажбата. Споредено со истиот период лани во сегментот на прехрамбени производи, приходите од продажба на германскиот пазар пораснале за дури 78,4 отсто, за што најголем придонес има токму Vegeta. Германија ќе биде во фокусот на Podravka и во наредниот период, истовремено претставувајќи еден од најважните пазари за Vegeta, поради што овој пазар е избран за прв на кој ќе се појави новото издание на познатиот зачин.
„Во согласност со стратегијата за понатамошен развој на Vegeta, која има за цел да го искористи нејзиниот целосен потенцијал, особено на странските пазари, ја направивме Vegeta поатрактивна, помодерна и поблиска до потрошувачите ширум светот. Работевме на проектот многу студиозно и со големо внимание со цел да го балансираме историското наследство и препознатливоста на Vegeta со очекувањата на новите генерации потрошувачи. Избраниот дизајн беше тестиран и оценет исклучително позитивно на неколку пазари, што е многу важно за обезбедување на поставените стратешки цели – постигнување на глобално присуство и препознатливост на Vegeta и одржување на силна лидерска позиција во продажбата на прехранбени адитиви во Европа. Со редизајнирање на пакувањето, ги задржуваме основите на препознатливоста на Vegeta, пренесувајќи им го на потрошувачите најважното нешто – задоволството од одличниот вкус на храната подготвена со Vegeta“ – објаснува Крунослав Бешвир, генерален директор за деловни програми и директор на Кулинарската бизнис програма на Podravka.
Дизајнот на Vegeta е изменет за да се нагласат најпрепознатливите елементи: готвачот, типографијата и сината боја. Бојата и типографијата на пакувањето не се променети, но логото на Vegeta е појасно и помодерно. Неизоставниот лик, готвачот на Vegeta, е поедноставен и му е додаден мотив на бакнеж. Друга промена е воведувањето на слика на аван и толчник, поставувајќи ја Vegeta во својата природна средина – кујната, визуелно отсликувајќи го составот и намената на производот.
Проектот за редизајн на Vegeta е реализиран во соработка со светски познатата агенција за стратегиски маркетинг BrandOpus со седиште во Лондон. BrandOpus е агенција која работи низ целиот свет и има експертиза за креирање дизајни кои ќе бидат атрактивни на различни пазари: од Германија, преку Хрватска, па сè до Австралија.
За соработката со Podravka и за самиот проект, директорот на агенцијата Даниел Вегрзин рече: „Ни беше задоволство да соработуваме со Podravka за редизајнот на Vegeta, која има статус на икона. За време на развојот на новиот дизајн, сакавме да ги задржиме сите карактеристични и препознатливи обележја и да им вдахнеме нов живот и значење. Новиот дизајн ја одразува нашата желба Vegeta да игра значајна улога во кујните на потрошувачите ширум светот и да им помогне да го покажат најдоброто од себе во секое јадење што го подготвуваат“.
По претставувањето на саемот, Vegeta во новото руво ќе се најде на полиците на германските продавници, а потрошувачите од Балканот ќе можат да ја најдат во продавниците од почетокот на 2025 година.