Британскиот синџир на ресторани за азиска храна Wagamama е првиот во државата кој 50% од своето мени го има отстапено на оброци кои се исклучиво вегетаријански. Според нив, јадењето на повеќе растернија помага во спасувањето на планетата.
Со цел да го промовира своето вегетаријански мени и идеите кои стојат позади него, Wagamama се одлучи за хумористична кампања во која фокусот е насочен кон чудовиштето Vegamama – своевиден вегетаријански „Годзила“.
Во централниот спот на кампањата гледаме свет на загадување. Тогаш од земјата се појавува Vegamama и почнува бесно да ги уништува загадувачите. Сепак, срцето на чудовиштето е смирено од еден човек кој се појавува од ресторан на Wagamama и ги претставува заложбите на брендот.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција Uncommon Creative Studio и продукциската куќа RiffRaff.