Генерaлниот извршен директор на брендот Levi Strauss Chip Bergh изјави дека верува дека за 10 години традиционалните големини на моделите ќе исчезнат, бидејќи камерите и скенерите ќе им овозможат на клиентите да купуваат облека која совршено им одговара.
Тој го води нивниот центар за иновации од 2011 година и верува дека најголемата промена во работењето на 116-годишната фирма ќе биде во големини на облеката. Значи, кога клиентите ќе дојдат да купат фармерки, тие нема да бараат големина (XS-XXXL) која е соодветна за нив, туку ќе направат скенирање на телото со камера која потоа ќе ги пронајде оние фармерки кои совршено им одговараат преку соодветна програма. Финалната верзија на фармерките или другите парчиња на облека ќе се направи со ласер.
Компанијата соопшти дека во типичниот процес користи неколку илјади хемиски формулации, кои со помош на проектот F.L.X. ги намалиле на десетина. Главната улога во промената на големината на облеката ја игра ласерската технологија.
„Тоа е револуционерно и ќе го промени ланецот на снабдување со текот на времето, бидејќи можеме да го придвижиме производството на фармерки поблизу до пазарот“, рече Берг за CNBC.
За прв пат воведена во 2018 година, ласерската технологија користи напредно снимање за да го скрати финалниот дизајн и времето што се користи за негово производство, од неколку месеци на неколку недели, а понекогаш и на само неколку дена.
Дигиталните датотеки можат да бидат испратени директно до добавувачот и брзо да се претворат во производ. Исто така, ова ќе овозможи ера на персонализиран стил и големина.
Најк започна технологија за прилагодување на големина на чевли на почетокот од оваа година, а малопродажната компанија „ThirdLove“нуди поголема персонализација на долна облека која е четири пати поголема од она што го нуди Викторија Сикрет.