Брендот на безалкохолни пијалаци Sprite постави необична вендинг-машина во лондонската железничка станица King’s Cross, која наместо вообичаениот начин на функционирање, користи податоци во живо за да ги следи и идентификува оние работи од околината што најмноги ги иритираат младите луѓе. Само кога ќе биде достигната високата граница на толеранција, машината ќе понуди бесплатен пијалак.
„Сè, од доцнење и откажување воз, деца кои врескаат, па дури и луѓе кои слушаат гласна музика без слушалки, може да ја поттикнат машината да препознае дека на луѓето им е потребна помош за да останат „ладни“. Вендинг машината има интерактивен, дигитален екран кој го прикажува нивото на „жестина“ во секое дадено време. Кога „топлината“ ќе се подигне, потрошувачите ќе можат да уживаат во ледено ладен Спрајт на наша сметка“ – објаснува Киран Ранмал, европски креативен маркетинг менаџер во The Coca-Cola Company.
Експерименталната бренд активација е намерно поставена во една од најстресните средини во Обединетото Кралство – железничката станица King’s Cross. Преку сопствено истражување, брендот открил дека Британците се нервираат во просек по 12 пати на ден, а припадниците на младата Генерацијата Z се фрустрираат и до 18 пати на ден. Па така, вендинг машината била создадена како начин да се реагира на широк спектар вжештени ситуации, преку хумористична примена на паметната технологија.
Потфатот бил реализиран со помош на креативната агенција WPP OpenX, како дел од глобалната бренд платформа на Sprite: „Heat Happens, Stay Cool“.