Италијанскиот луксузен моден бренд Versace отиде до големи далечини, буквално, за да ја претстави својата нова AW18 колекција со кампањата „Клановите на Версаче“. Таа се состои од фотографија како никоја друга, која е составена од дури 54 различни модели, со цел да се претстави инклузивност.
Фотографијата е дело на познатиот американски фотограф Стивен Мајсел и вклучува познати модели како Џиџи и Бела Хадид, Жизел Фокс, Каја Гербер, Крис Грикаите и Шанел Нијасисе.
Главниот дизајнер Донатела Версаче објасни преку соопштение дека 54-те модели го симболизираат брендот Versace: „Нашиот тим не го опфаќа само мојот работен тим. Клановите на Версаче се составени од сите членови на Версаче фамилијата – од купувачи до модели, фанови, фотографи, стилисти, пријатели, уметници и сите кои веруваат дека за да се остане релевантен треба да се движи напред и да биде чуен – сите кои веруваат дека модата не е само начин да се каже „погледни ме“, туку „погледни ме, имам нешто да кажам.“
Кампањата вклучува и кратко видео, кое може да го погледнете во продолжение:
Shot by #StevenMeisel, the #VersaceFW18 campaign features the longest-ever advertising image. Side by side, the main image features a cast of fifty-four models symbolizing inclusivity, a key value for #DonatellaVersace and her vision for the brand. #TeamDV #TheClansOfVersace pic.twitter.com/hJeGEySlru
— VERSACE (@Versace) July 14, 2018