Австрискиот банкарски бренд Erste Group ја објави својата нова Божиќна кампања, насловена “Believe in Yourself” („Верувај во себе“), со изненадувачки пристап во однос на класичните празнични клишеа.
Главен лик во централниот спот е Рудолф со црвениот нос, инаку омилениот елен на Дедо Мраз и сам по себе еден од најпознатите Божиќни ликови ширум светот. Меѓутоа, во оваа реклама, Рудолф повеќе не се наоѓа на Северниот Пол. Всушност, околу него нема ни трага од снег, туку само песок.
Како што дознаваме, Рудолф решил да се повлече од своите Божиќни задолженија и да се испроба во нешто сосема ново: родео. На овој начин, еленот ни демонстрира како треба да верувате во себе и да бидете подготвени да им пркосите на очекувањата со цел да ги остварите вашите соништа.
Кампањата е создадена во соработка со креативните агенции Jung von Matt DONAU и Studio Sonntag, заедно со продукциската куќа Zauberberg Berlin.