Легендарниот бразилски фудбалер Зико има постигнато 334 голови на стадионот Маракана, меѓутоа никогаш пред својот татко кој починал поради срцево заболување во 1986 година.
Меѓутоа, јужноамериканската платформа за е-трговија Mercado Livre и креативната агенција GUT São Paulo се одлучија да ја применат вештачката интелигенција за да му дадат на Зико втора шанса да го даде својот 335 гол на Маракана за рекреираниот глас на својот татко.
Спотот кој е дел од кампањата го прикажува сега веќе стариот Зико како се враќа на стадионот. Во позадина се слуша гласот на неговиот татко, рекреиран со помош на вештачка интелигенција и постоечки снимки од него и по тон слични на него.
„Зико, сине, знам дека помина некое време откако последно го имаш слушнато мојот глас. Знаеш дека сакав да те гледам како играш откако беше момче. Единственото нешто што не можев да го видам е како постигнуваш гол тука на Маракана“ – му се обраќа гласот на Зико.
Фудбалерот постигнува уште еден гол и вели: „Сигурен сум дека тој е таму горе и гледа“.