Вештачката интелигенција веќе влезе во светот на новинарството, а со понатамошен развој би можела да стане „егзистенцијална закана“ за новинарите, соопшти американскиот институт Future Today во најновата студија.
Институтот наведе дека постојат организации кои веќе ја користат вештачката интелигенција за пишување на новинарски статии врз основа на податоците, како што се спортски резултати или финансиски вести.
Во студијата се наведува дека развојот на вештачката интелигенција ќе овозможи без директна интервенција на новинарите бидат напишани новинарски статии врз основа на одредени податоци.
Според наводите на институтот, до 2023 година, половина од интеракцијата помеѓу луѓето и компјутерите ќе биде по пат на глас, така што новинарот ќе ги „диктира“ податоците на компјутерот, кои подоцна ќе ги претвори во текст.
Во студијата се додава дека на тој начин новинарите би биле исклучени од директниот процес на „произведување“ на текстовите, што со понатамошниот развој на технологијата би можело да доведе до „егзистенцијална“ закана за иднината на новинарството.