Остануваа уште месец дена до 13. издание на SoMo Borac, кое ќе се одржи во Мозаик Центарот во Загреб. Пријавите за доделување на наградите за најдобрите дигитални проекти во регионот се продолжени до 30 септември, а третата по ред SoMo конференција ќе угости истакнати регионални и светски експерти, кои во кратки, „straight to the point“ предавања ќе ѝ дадат на публиката конкретни совети засновани на сопствени искуства и предизвици.
„Реалноста е таква што никој не ја памети стратегијата. Она што публиката го памети е одличната приказна, а во предавањето ќе ви покажам како да ги преобликувате вашите маркетинг кампањи преку „storytelling“ за да откриете нови перспективи и подобра содржина“ – порача Мерси Фулани. Оваа експертка по маркетинг, во своето предавање “POV: Your strategy is actually a storyline”, ќе сподели совети како брендот да стане подостапен, попаметлив и поблизок до публиката и како да се привлече вниманието во свет кој е пред сè насочен кон мобилните уреди. Фулани е специјализирана за социјални мрежи и „content marketing“, а преку иницијативата DigitalHer работи на зајакнување на жените во технолошкиот сектор.
Марко Ракар е еден од пионерите во користењето на интернетот во Хрватска, како и признат предавач и советник во областа на организацијата, интернетот, новите медиуми, политиката и статистиката. Во своето предавање “Како да изградите систем на вештачка интелигенција што функционира?” ќе појасни дека вештачката интелигенција како што се рекламира и вештачката интелигенција како што навистина работи не се ниту слични, но и ќе објасни како да се натера вештачката интелигенција да дава само точни резултати.
Кои се најголемите и највлијателните компании во Хрватска дознајте во предавањето “Дали знаете со кого навистина соработувате?”, кое ќе го одржи Иван Плеше, претседател на HUDI Adtech и соосновач на ATL, кој соработува со најголемите технолошки, медиумски и многу други компании.
Искористете ја можноста за купување TARDY BIRD влезници, а до 30 септември пријавете ги вашите проекти во натпреварувачкиот дел на фестивалот. Сите новости околу овогодинешното издание можете да ги следите преку билтенот на SoMo Borac како и на Facebook, Instagram и LinkedIn.