Бургер Кинг објави дека во своето мени додава и Impossible Whopper, хамбургер направен од растителна намирници на компанијата Impossible Foods. Алтернативните бургери треба да станат достапни овој месец и ќе ја задоволат желбата на оние што избегнуваат вистинско месо.
Првиот хамбургер направен од лабораториско месо е создаден во Холандија во 2013 година, и оттогаш сè повеќе компании почнаа да се интересираат за оваа технологија. Бидејќи годишно се трошат околу 300 милиони тони месо, што е повеќе од двојно во однос на производството од пред 30 години, процесот на производство сè повеќе влијае на климатските промени и е одговорен за емитување околу 14,5% на гасови кои влијаат на формирањето на ефектот на стаклена градина.
Некои тврдат дека сè уште нема докази дека процесот на производство на месо во лабораториите е одржлив, додека други се осврнуваат на проблемот со вкусот, а прашуваат „дали таквото месо воопшто има добар вкус?“
Новиот Whopper бургер веќе е тестиран на неколку помали пазари, а рестораните кои воведоа верзија на бургер од алтернативно месо, забележале поголем промет од рестораните што нудат само традиционални производи. Прехрамбената иднина е тука, а брзата храна наскоро би можела целосно да го елиминира вистинското месо, бидејќи новите верзии на месото нудат слично искуство.