Тетовската компанија Везе Шари, ја комплетерише првата фаза од инвестицијата за целосна сеидба на земјоделското земјиште во селото Славеј, прилепско, кое го доби под концесија со површина од 560 хектари.
Досегашниот капацитет на фабриката од 100.000 јајца на ден, пет тона производство на месни производи под брендот “Лекер”, еден мегават производство на електрична енергија од компанијата-керќа “Електро Шари”, во иднина ќе се зголеми преку изградбата на овој земјоделски комплекс, инвестиција од вкупно 3 милиони евра која ќе обезбеди 70 нови работни места.
Главната цел на ова инвестиција е за компаниите “Везе Шари”, “Лекер” и “Електро Шари”, првенствено, да се обезбеди суровина за производство и проширување на постоечките капацитети, истакнуваат од раководството на компанијата Везе Шари. Проектот предвидува изградба на сушарница со силоси за пченица и пченка, откупен центар за земјоделците од регионот, фарма за крави и телиња, како и изградба на кланица според соодветните ХАЛАЛ стандарди, со што ќе се зголемат производните капацитети на компанијата за обработка на месни производи “Лекер”.
Пченицата и пченката насадени на ова земјоделска површина ќе бидат искористени за хранење на 120.000 кокошки на Везе Шари, додека сламата што останува ќе се искористи за производство на електрична енергија за “Електро Шари”, намалувајќи го на овој начин увозот на храна за животни.
Досега, во трите компании, се вработени вкупно 118 вработени, додека со новата инвестиција ќе бидат вклучени дополнително 70 нови лица.
„Оваа инвестиција не радува многу бидејќи е во насока на подобрување на показателите на компанијата. Досега бевме зависни од увозот на овие суровини“, велат од Везе Шари.
Секако, овие инвестиции доаѓаат како резултат на изразената поддршка од страна на Владата, која секогаш имала слух за нашите проекти, во насока на развој на бизнисот во потесни рамки и економскиот развој на земјата воопшто, вели Арбен Абдурамани, првиот човек на компанијата Везе Шари и носител на инвестицијата.
Земјоделскиот комплекс во изминатите денови го посетија Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, Министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски, заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски, заменик министерот за образование и наука, Спиро Ристовски и граданачалникот на општината Кривогаштани, Тони Затковски, а останува отворен за посета за сите заинтересирани страни