Американскиот медиски конгломерат ViacomCBS, формиран во 2019 година со спојувањето на CBS и Viacom, одлучи да се ребрендира.
Новиот идентитет на компанијата ќе се базира врз името Paramount, преземено од името на својата подружница, инаку познато филмско продукциско студио – Paramount Pictures.
Под капата на конгломератот сега познат како Paramount се наоѓаат телевизиските канали MTV, Showtime, Comedy Central, Nickelodeon, BET, CBS, како и стриминг сервисот Paramount+.
„Paramount отсекогаш застапувал брилијантна способност за раскажување приказни за публиката ширум светот, на големиот екран, на малиот екран и на секој уред помеѓу“ – истакнува Шери Редстон, претседателка на ViacomCBS, сега Paramount.
„Повеќе од еден век, името Paramount беше синонимно со одлична забава и индустриско лидерство. Тоа е дел од нашата историја, како пионери на Златното доба на Холивуд. Но, како што Paramount+ покажува, тоа е исто така нашата светла иднина“ – додава Боб Бакиш, генерален извршен директор на конгломератот.