На 29 октомври во Белград, Marketing mreza го организира првиот национален Фестивал на интегрирани комуникации – КАКТУС 2015. Фестивалот под слоганот „ Идеите кои опстануваат“, ќе понуди богата и интересна програма од различни области на интегрирани комуникации, како и преглед на најновите светски трендови.
Дневниот конференциски дел на фестивалот се состои од предавања и работилници од водечки стручњаци од Европа и светот, меѓу кои се Atanas Raykov, General Manager CEE во компанијата Вибер, Marijana Prpić, brending director во компанијата Google, Svetlana Stavreva, директор за маркетинг и комуникации во компанијата IBM за Југоисточна Европа, како и Jacob Kobi Gamliel, основач на една од најголемите дигитални агенции во Израел- iSOCIA.
Atanas Raykov е маркртинг стручњак, со повеќе од 10 години искуство во областа на стратегија на производите, дигитален и мобилен маркетинг, VAS услуги, а работел и на јакнење на локалните start-up еко системи со фокус на мобилната телефонија. Моментално е на чело на компанијата Viber за Централна и Источна Европа, а задолжен е за проширување на локалните партнерства и базите на клиенти , како и зголемување на ангажирањето на корисниците со посебно внимание на пазарите во Бугарија, Грција, Србија и Унгарија. На фестивалот КАКТУС 2015 ќе зборува на тема „The Next Frontier of Communication“.
Marijana Prpić професионалната кариера ја започнала во спортскиот маркетинг на организација на меѓународни тениски турнири. Од 1999 година, работи во Хрватски Телеком, како директор во секторот за стратегија на брендот и огласување.Во 2010 година ја основа компанијата Honestas Advisory за консалтинг од областа на маркетинг и менаџмент, а потоа преминува во FMCG индустријата- Badel1862, како директор за иновации и маркетинг. Последните четири години работи во компанијата Google, каде што е задолжена за развој на бизнисот во јадранскиот регион. Маријана на фестивалот ќе зборува на тема – Како да се подигне дигиталната стратегија?
Svetlana Stavreva е директор за маркетинг и комуникации за Југоисточна Европа во компанијата IBM.Таа има преку 20 години искуство на различни позиции во водечки институции и компании. Работела во сите маркетинг и комуникациски дисциплини и за сите светски региони, со исклучок на Северна Америка, а на фестивалот КАКТУС 2015 ќе зборува на тема„Communications: from message critical to business critical“.
Jacob Kobi Gamliel е основач на една од најголемите дигитални агенции во Израел – iSOCIA, која ги сервисира водечките светски брендови како што се Pizza Hut, Dacia, Nissan, Smart car by Mercedes итн. Jacob ги истражува можностите на дигиталниот маркетинг и како тој може да биде извор на приходи во кој било бизнис сектор. Некои од неговите истражување се однесуваат и на застапеноста на политиката и владите на државите на социјалните мрежи во последните пет години. Со учесниците на фестивалот ќе ги сподели своите искуства на тема „Search by Moments, React by Social“.
На фестивалот КАКТУС 2015 ќе зборуваат и Abraham Abbi Asefaw и Maksimilian Kallhed, основачи на Pop Up агенција од Лондон; Catalin Dobre, Executive Creative Director, McCann Bucharest; Toygun Yılmazer, Chief Strategy Officer, TBWA\Istanbul, Mike Brandt, основач на данската агенција Urge и иновативниот пристап во огласувањето – Advertisingawesomeness,како и Matija Vujović и Vladimir Grčić од агенцијата Kitchen Prague.
Вечерната програма на фестивалот ќе ја одбележи доделувањето на наградите на најдобрите во струката. Наградите се доделуваат во 13 категории, а ги добиваат организациите, институциите и агенциите за најквалитетните и најпрофесионалните интегрирани кампањи во изминатата година. За тоа кој ќе ги добие овогодинешните КАКТУС награди, одлучува стручно жири кое е составено од угледни професионалци од креативни, ПР и дигитални агенции од Србија и регионот.
Ако сте заинтересирани за присуство на фестивалот, пишете ни маил на contact@marketing365.mk и ќе Ви ги доставиме сите потребни информации во врска со програмата и котизациите.