Вториот ден на овогодинешното издание на New Europe Market беше одбележан со дискусии околу новите технологии, оживување на старите содржини, среќниот Сунѓер Боб во друштво на учесниците, “happy hours” со коктел на Hendrick’s Gin и ексклузивно соопштение за време на журката во стариот град.
Денот започна со VIACOM паузата за кафе на која посетителите на NEM имаа можност да се дружат со “Сунѓерот Боб“, кој извлече многу емоции на терасата на NEM.
Полната панел соба ја очекуваше првата тема на денот – “До каде сме отишле со монетизацијата на OTT.“ Скот Роксбороу од The Hollywood Reporter ја модерираше интересната дискусија чии учесници беа: Дражен Мавриќ (претседател на управата на Нова ТВ), Никола Франтиќ (претседател на одделот за содржини, медиуми и емитување во Telekom Austria Group) и Жералд Биарт (директор за мулти-платформни производи и бизнис развој во VIACOM International Media Networks).
Мавриќ истакна дека телевизијата во Хрватска и натаму е најсилниот медиум и дека OTT во Хрватска навлегле преку OYO-услугите кои ги нуди Нова. Препреките кои се’ уште постојат воглавно се резултат на домашно производство и обид за нивна дистрибуција на поглем пазар. Биарт рече дека VIACOM има многу искуство на сите платформи, со обзир на тоа дека активно следат различни димензии: од линеарна телевизија со OTT. OTT се опишани како флексибилни и веродостојни, а учесниците во панел-диксусијата заклучија дека ОТТ ќе останат на врвот во оваа индустрија.
Дискусијата “Дали DTH се спремни за предизвикот на OTT” активно се занимаваше со теми слични на минатата панел-дискусија, но со фокус на сателитите и сателитските чинии, односно дали се тие спремни за ОТТ платформите. САД е водечката земја во дистрибуција на OTT, а денешниот пазар е доминира од сервиси како Netflix, Amazon, Hulu и слични платформи. Крис Ѕиадул (ко-основач и сопственик на Broadband TV News) ги испрашуваше своите гости за можностите за дистрибуција на ОТТ содржини преку DTH платформи и дали има интерес за таков начин.
Станислав Георгиев, претседател за емитување во Telekom Austria Group, изјави: “Netflix е досаден за DTH платформите од регионот чисто од причина што нудат стари серии и филмови. На пример, Pickbox е преубаво сложена компилација и честитам што сте успеале да ја напрвите релевантна што се однесува на содржината комбинирајќи ја со класици. Ако на пазарот дојде нешто релевантно со огромна количина на содржина, ние како оператори ќе се потрудиме тоа да го доставиме до нашите клиенти. На ако не е релевантно, нема ни потреба за тоа.”
Апостлос Триантафолоу, постар потпретседател за продажба за Германија, Австрија, Швајцарија, Центално-источна Европа, Израел, Кавказот и Централна Азија во Eutelsat, истакна дека клиентите често ги фалат OTT, но денешните трендови главно се фокусираат на подобар квалитет. Сталитите имаат важна улога тука, првенствено бидејќи на клиентите не им е грижа како ќе ги добиваат содржините – а ако не се грижат за тоа, движењето на содржините би требало да биде базирано врз сигурни и брзи начини на испорака. “Спремни сме да испорачуваме OTT, и единствено ние тоа го можеме,” заклучи тој.
После паузата за кафе која беше спонзорирана од Eutelsat, дојде време да се слушне нешто повеќе за мистериозниот филм кој крена многу прашина на Tribeca Film Festival. “Хјустон, имаме проблем!” е режиран од Жига Вирц со помош на Боштјан Вирц, сопственик на студиото Вирц, а ја заинтересира и Ханка Кастеловиц, извршна директорка за документарни филмови на HBO Европа. Главната идеја на филмот била да се осмисли интересна приказан и да се позанимава со прашањата од стилот како функционираат медиумите, како луѓето се носат со различните информации, но најважното прашање е каде е границата помеѓу реалноста и фикцијата.
Диксусијата “Под притисок” беше посветена на дигиталниот свет. Дејв Алперт, експерт на British Telecom модерираше со панел прашањата и одговори кои првенствено ги интересираа присутните. Регионалниот директор на Cisco Systems Џереми Мадокс, директорката за купување на содржини на Телеком Словенија Ирена Бателино и директорот за продажба и бизнис развој на Accedo.TV Дирк Лудерс ја фокусираа дискусијата на предизвиците кои пазарот секојдневно им ги поставува.
Мадокс како долгогодишен пријател на NEM го истакна овој настан како една од најдобрите конференции каде може да се научи нешто ново преку опуштање и дружење со колегите на прекрасна локација, докажувајќи го местото на New Europe Market како водечка конференција во регионот на Средна и Источна Европа.
Конфренцискиот дел од денот заврши со исклучителната и интимна дискусија “Reboot, Remake, Revival – им го земаат ли местото на новите идеи“ на терасата на NEM 2016. На прекрасната локација, Арон Хеслехурт, Петар Надерман, директор на Nadcon Film и Сара Џонсон, извршен продуцент и директорка на одделот за копродукција и играни содржини во Keshet UK, водеа интересна дискусија за старите концепции во ново руво. Според примерот на својата популарна серија “Most” Надерман го објасни интересниот процес на развој на една иста концепција во други земји. Надерман и Џонсон се сложија дека оживувањето на содржини е секогаш пожелно, но само ако ја пренесуваат идејата и чувството на оригиналот.
Словенската продукциска куќа и технички партнер на NEM 2016 Temma-X ги почасти учесниците со еден happy hour и со мала помош на освежувачкиот коктел на Hendrick’s Gin, а претставија и нов достапен гаџет за виртуелна реалност.
Денот беше заклучен во стариот дел на Дубровник, во прекрасниот клуб Lazareti, каде VICE не одржа само журка за паматење туку на присутните им соопшти и една ексклузивна информација. Извршната директорка на VICE за Србија, Димитра Контогијани, најави дека VICE наскоро ќе се прошири во нашиот регион и ќе биде достапен во скоро сите балкански земји со свои локални редакции и содржина.