Американската филмска асоцијација објави дека глобалниот пазар на забава, кој ги покрива кината и домашните изданија, достигна ново ниво од 96,8 милијарди долари минатата година. Во извештајот се додава дека видео стримингот сега ги надмина глобалните кабловски претплати.
Според Американската филмска асоцијација, видео стримингот доживеа брз раст во изминатата година, со 613 милиони претплати низ целиот свет, што претставува зголемување од 27% во споредба со 2017 година. Во извештајот се забележува дека претплатите за видео стриминг сега за прв пат ги надминуваат претплатите за кабелска телевизија. Во претходната година беа додадени 131,2 милиони нови претплати, што доведе до нов максимум од 613,3 милиони глобални претплати. За разлика од нив, претплатите за кабелските телевизии паднаа за 2% во 2018 на 556 милиони.
Иако можеби го изгубија првото место од страна на стриминг видео сервисите, кои се шират со сè поголема брзина поради флексибилната природа на плановите и пониските цени, кабелските претплати сè уште носат повеќе пари. Нивниот удел се зголемил за 6,2 милијарди долари во 2018 година на вкупно 118 милијарди долари. Видео стримингот, всушност се наоѓа на трето место на листата со најголеми вкупни приходи, затоа што на второто место се наоѓа сателитската телевизија.