Дел од зградите во хрватската престолнина Загреб, беа употребени како кино платно во најновата beamvertising кампања која Unex Grupa ја реализираше за својот клеинт Хит-радио Ентер.
Анимирани проекции во кои беа користени атрактивни визуални прикази на познатите DJ-и како Avici, Guettа и Rudimental чии хитови често се наоѓаат во етерот на Ентер урбаното радио, ги следеа возилата и пешаците кои се движеа низ загребските улици.
Дополнително внимание привелкуваше и гласната музика и audio city лајтовите кои беа програмирани наизменично да пуштаат MP3 и live stream музика од радиото.
Крунослав Сердар, креативниот директор на кампањата која покрај со овој герила настап е присутна и низ дигиталните медиуми и класичните комуникациски канали нагласи дека : “Ентер Загреб е урбано радио кое пушта само најнови хитови и како такво е насочено кон младата популација од 15 до 29 години. Ваквиот вид на герила маркетинг, популарно наречен beamvertising, за прв пат се употребува во Хрватска и ја исполни нашата цел да создадеме нешто креативно, ново и невидено за кое ќе се зборува во наредниот период “
Во продолжение погледнете го видеото од beamvertising кампањата низ Загреб :