Видеото “Преглед на годината“ кое YouTube традиционално го објавува на крајот на годината, собра неверојатни 15 милиони дислајкови.
Најновото видео “Преглед на годината” на овај популарен видео сервис е и нивното најпопуларно видео на сите времиња, со повеќе од 15 милиони негативни реакции, пренесува Асошиејтед Прес.
Особено е интересно што ова видео беше направено и објавено токму од YouTube! Се работи за видео записот YouTube Rewind 2018: Everyone Controls Rewind, во кој компанијата собра некои од најпопуларните креатори на нејзината платформа и во 8 минутна приказна претстави некои од најважните настани на YouTube.
Ова е уште еден потсетник кој е создаден од обидите на Јутјуб да балансира меѓу интересите на огласувачите и креативноста на блогерите кои “прикажуваат” бесплатни видеа на оваа страница. Многу од авторите ја обвинија оваа платформа за давање приоритет на огласувачите во видеото “Преглед на годината”.
Извршната директорка на YouTube признава дека видеото ја “промашило поентата.“