Организацијата за заштита на животните WildAid од Виетнам ги предизвикува традиционалните народни верувања во обид да го подигне вниманието на јавноста кон растечкиот проблем со криволов на животни за нивните рогови, заби, крлушки или месо, поради „магиски“ причини.
Оваа организација заедно со креативната агенција Dinosaur Vietnam и непрофитната организација Change Vietnam ја лансираа кампањата #BeTheirBodhisattva („Бидете нивниот бодисатва“), во обид да ги спаси животите на 1.000 носорози, 33.000 слонови и 100.000 панголини кои незаконски се ловат секоја година.
Кампањата започна на 28 јануари 2019, денот кога будистите го прославуваат празникот на животното ослободување (Tsethar), кога се спасуваат животи кои биле предодредени за да бидат убиени.
Како дел од кампањата биле изработени три скулптури на животни – носорог без својот рог, мајка и бебе панголини со излупени крлушки и слон со откршени заби. Скулптурите биле поставени во положба на молење пред статуата Буда во храмот Vinh Nghiem, во градот Хо Ши Мин.
Инсталацијата е замислена како повик за будење кон луѓето да се обидат да ја разберат болката со која се соочуваат животните и да се постават како нивни заштитници, така што ќе прекинат да употребуваат производи од животинско потекло.