Јужнокорејскиот технолошки гигант Samsung ја лансираше својата нова празнична кампања за промоција на своите паметни уреди и пред сé паметните телефони под брендот Galaxy.
Првиот спот во кампањата отпочнува со сцена во која една девојка на излог го гледа новиот Galaxy паметен телефон на преклопување. Штом таа заминува, телефоните и другите уреди во продавницата почнуваат мултимедијално шоу изградено врз ликот на девојката.
На крајот од спотот, новиот паметен телефон на преклопување завршува во рацете на девојката, при што се појавува слоганот “You are the gift. Holiday opens up with Galaxy.” („Вие сте подарокот. Празникот се отвора со Galaxy. “)
Видеото е проследено со песната “I Want It That Way” од Backstreet Boys.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција Wieden & Kennedy Amsterdam и продукциската куќа MJZ.