Глобалната мрежа на медиски агенции PHD, дел од групацијата на Omnicom, го ангажираше Винсент Рибејкс како нов глобален генерален оперативен директор.
Претходно, Рибејкс работеше 17 години во медиската агенција MediaCom т.е. EssenceMediacom, каде во последните 2 години ја извршуваше и функцијата глобален генерален директор за производи и решенија.
Информацијата ја соопшти самиот Рибејкс, кој се заблагодари на своите долгогодишни соработници во EssenceMediacom и изрази уверување за успешна идна соработка со тимот на PHD.
„Никогаш немало подобро време за работа во медиумската индустрија. Денес, клиентите имаат речиси бесконечен опсег на можности да се поврзат со својата публика. Како агенциски партнери, ние за возврат имаме огромна одговорност да осигураме дека секој нивни долар наменет за маркетинг ќе биде потрошен на најнамерен, најкреативен и најефикасен начин. За да се направи тоа сè повеќе е потребно градење на оперативни модели приспособени на клиентите кои ги спојуваат најдобрите таленти, најнапредните способности и најсофистицираната технологија. Модели кои не само што мора да одговараат, туку и да ги предвидат потребите на клиентите“ – напиша Рибејкс во објава на LinkedIn.