Едноставна интервенција во пакувањето може да спаси животи
Компанијата Виолета, регионален лидер во производство и развој на производи за хигиена во домаќинствата, инспирирана од потребите на потрошувачите веќе долги години, создава производи со висок квалитет и го прави секојдневниот живот поедноставен и поквалитетен.
Компанијата ја препознава важноста на промовирање на здравјето и негово одржување и активно учествува во разни социјално ангажирани проекти кои придонесуваат за раст и развој на заедницата.
Овој пат, во соработка со хрватската Национална програма за превенција на рак на дебелото црево и агенцијата Saatchi во Хрватска, Виолета ја подигнува јавната свест за симптомите на рак на дебелото црево со својот нов храбар производ.
„Превенцијата и раното откривање на карциномот на дебелото црево се клучни, затоа создадовме производ кој ги потсетува потрошувачите да се самоконтролираат и да водат грижа за сопственото здравје.
Оваа тоалетна хартија со ограничено издание, достапна за почеток во ДМ Хрватска, содржи постер кој дополнително ја зголемува свеста за важноста на забележување на проблемите на време. Со производот, кои е всушност и комуникациска кампања, сакаме да им покажеме на нашите потрошувачи дека ракот на дебелото црево во голема мера може да се открие навреме “.
Преку своите севкупни активности, Виолета се стреми да биде општествено одговорна компанија која е подготвена со своето работење и односот спрема заедницата и купувачите, да биде пример за сите.