Сајдер брендот Strongbow, во сопственост на Heineken, лансираше кампања за британскиот пазар со која го промовира новиот Strongbow Ultra Dark Fruit. Се работи за нов вкус на сајдер направен од шумско овошје, со 4% алкохол и само 95 калории.
Според Strongbow, овој сајдер е „најдобриот на сите времиња“, односно на англиски – “Greatest Of All Time”, или кратенката G.O.A.T., што вообичаено пак значи „коза/јарец“.
Оттаму и главниот симбол на новата кампања – виолетовиот јарец, кој се најде на промотивниот материјал и во главниот телевизиски спот на кампањата.
„G.O.A.T. е добро познат симбол на величина во модерната поп-култура и мислевме дека би било забавно да ја претставиме нашата големина во светот на пијалоците, па оттука се роди виолетовиот јарец. Ако јарецот не го направи тоа наместо вас, тогаш се надеваме дека придружната песна Daga Da, од диџејот Sammy Virji, ќе ви донесе насмевка на лицето“ – изјави Џоно Холт, основач на креативната агенција Otherway која стои позади кампањата.