Вип оператор деновиве стартуваше со своја прва кампања во воведувањето на новиот бренд и ребрендирањето во А1.
Телеком Австрија Групацијата до крајот на годината во своето портфолио ќе има уште еден бренд што ќе се ребрендира во А1, македонскиот Вип, кој ќе се унифицира со операторите во Австрија, Хрватска, Белорусија, Бугарија и Словенија кои исто така функционираат под брендот А1.
Деновиве, под слоганот “Останете љубопитни” стартуваше тизер кампања со креативи и видеа кои ја најавуваат промената на Вип во А1, присутни на билборди, онлајн и ТВ.
Телеком Австрија Групацијата котира на Виенската берза, и e еден од водечките провајдер на дигитални услуги и комуникациски решенија во Централна и Источна Европа со повеќе од 24 милиони корисници и присуство во 7 земји.