Компанијата за бродски крстарења Virgin Voyages лансираше нова кампања за привлекување патници, искористувајќи ја вештачката интелигенција за да создаде дигитална копија на поп-ѕвездата Џенифер Лопез.
Централниот спот на кампањата почнува со сцена во која заводливата Лопез ги кани гледачите на крстарење, меѓутоа тогаш се случува некаква „грешка“ во „матрицата“ – дознаваме дека всушност се работи за дигитален аватар зад чие лице стои маж по име Кајл.
Рекламата потоа добива хумористичен пресврт, така што повеќе луѓе од креативниот тим на Virgin Voyages сакаат да ја испробаат технологијата и да дадат своја интерпретација на популарната Џеј-Ло.
Дигиталната верзија на Џенифер Лопез навистина постои, а фановите на Virgin Voyages можат да го искористат ликот на “Jen AI” за да создадат сопствени персонализирани покани за луѓето кои сакаат да ги дружат на крстарење.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција VMLY&R, а се надоврзува на постоечкото партнерство помеѓу Virgin Voyages и Џенифер Лопез кое започна во 2021 година.
„Преку оваа извонредно креативна идеја на VMLY&R, ние истворемено ја искористуваме и ја исмеваме вештачката интелигенција. Оваа идеја обединува иновативна и разиграна употреба на AI технологијата, заедно со глобална икона и суперѕвезда. Jen AI им дава пристап на сите до Џенифер за да им помогне да ги соберат своите најблиски, да престанат да бараат изговори и да запловат на одморот на животот“ – истакнува Нејтан Розенберг, генерален бренд директор на Virgin Voyages.
View this post on Instagram