Компанијата за финансиски услуги и плаќање Visa соопшти дека склучила партнерство со 50-те најголеми платформи за криптовалути во светот, вклучувајќи ги Coinbase, FTX и CoinZoom.
Отсега натаму, корисниците на Visa ќе можат да ги конвертираат и трошат своите крипто-пари кај преку 70 милиони трговци ширум светот кои се поддржани од Visa.
Потрошувачите ќе можат да купуваат со нивните дигитални пари, додека пак за трговците тоа ќе биде како која било друга трансакција преку Visa, односно криптовалутите веднаш ќе бидат конвертирани во легални пари при самото плаќање.
Компанијата ја оправдува својата одлука со фактот што во последните две години, покај тоа што претставуваат начин за складирање на вредност, криптовалутите прераснаа и во средство за тргување и плаќање. Според Visa, во првата половина на 2021 година, повеќе од 1 милијарда долари биле потрошени преку дебитни и кредитни картички кои се поврзни со криптовалути.
Како дел од воведувањето на овој новитет во своето работење, Visa најави и програма за награди која ќе им овозможува на корисниците кои ќе ги користат нивните услуги да добиваат и криптовалутни награди.
Во април годинава, најголемиот конкурент на Visa, Mastercard, ја лансираше својата прва картичка за криптовалутна награди.