„Еднаш си беше една девојка во земја без снег… а тогаш нејзината желба се исполни“
Францускиот моден бренд Chanel ги воведува фановите во чудесен и богат снежен свет со новата празнична кампања „Зимска приказна“ (“Winter Tale”).
Девојката која сонува за снежниот свет е италијанската манеканка Виторија Черети, а нејзините желби се остваруваат со помош на магични танцувачки снегулки кои истовремено носат луксузни подароци.
„Влезете во прекрасниот свет на CHANEL и дозволете ни да ви помогнеме да го најдете совршениот подарок од избор на ексклузивни парфеми, блескави производи за убавина и ултра сензорна нега на кожата“ – е пораката на брендот.
Кампањата е создадена од страна на внатрешниот креативен тим на модната компанија.