Вивакс – најголемиот производител на природни овошни сокови, нектари, пијалаци и овошни каши во Република Македонија под брендот Вива сокови ја започна годишната преработка на каша од јаболко. Јаболката кои се користат за производство на каша од јаболко се внимателно одбрани од овоштарниците од Македонија, од сортите: „Златен Делишес“, „Црвен Делишес“, „Ајдаред“ и „Муцо“. Како најголем производител на природни овошни сокови во Македонија, Вивакс воедно е и најголем производител на природни овошни каши во Македонија и регионот.
Преработката на јаболка и производството на овошни каши е според најсовремените стандарди и производствени технологии, со цел да се задржат витамините, минералите и свежината на јаболките. Сопствената каша од јаболко што ја произведува Вивакс се користи во дел од производственото портфолио на Вива соковите. Покрај користењето на овошна каша за сопствени потреби, истата се извезува и на 4 континенти во повеќе од 30 земји низ светот во фабрики за производство на детска храна, кондиторски производи и други фабрики за производство на овошни сокови.
„За потребите за производство на каша од јаболко ги одбираме најквалитетните јаболка од македонското подрачје. Поволната местоположба, сончевите денови, плодната земја во македонските предели е никулец на квалитетни, сочни јаболка. Покрај производството на каша од јаболко, наша специјалност е и производство на каши од праски, вишни, капини кои се користат за производство на сокови од нашето портфолио. Со имплементирање на најсовремени технологии, сакаме да ја искажеме нашата посветеност на нашиот потрошувач, да му понудиме квалитетни и безбедни за консумирање производи. Од друга страна пак, довербата што ја добиваме како одговор од потрошувачите, ни дава дополнителен стимул постојано да инвестираме во нови технологии, современи машини, континуирано да вложуваме во производство, но и во вреботените кои се вклучени во создавање на сето тоа.“ – велат од менаџерскиот тим на Вивакс.
Вива од своето основање во 1994 година до денес може да се пофали со повеќе од 70 производи во своето портфолио, што го прави единствен македонски производител на најголем асортиман на природни овошни сокови. Компанијата располага со најсовремена микробиолошка и хемиска лабараторија и технологија и постојано ги следи трендовите во производство на сокови, континуирано вложува во модернизација на производствените процеси, современа организациска структура и тим кој брои повеќе од 110 вработени.