Откријте ги најважните трендови во 2017 година во рамките на креативната дисциплина во која работите како и во друга област во која барате инспирација.
2017 ќе биде година каде визуелните трендови во дизајнот ќе се фокусираат на автентичност, сировост, рачни изработки и едноставност.
Општеството се бори со својот идентитет на глобално ниво- како правото за приватност, миграцијата и перцепцијата на жените во медиумите. За да управуваме полесно со промените потребно е нештата да ги гледаме јасно со цела своја некомпромитирана чистина- што би значело навраќање кон природните ресурси, употреба (рециклирање) на отпадот, одржливост што ќе се пренесе на повеќе сфери во модерното живеење и ќе дефинира што ќе се носи, што ќе се купува и што ќе се јаде.
2017 е годината во која ќе се навратиме на своите огански корени. Рециклирањето, алтернативното фармерство, и навраќањето кон корените и природата се трендови кои ќе доминираат во дизајнот, модата, домот, боите и ќе влијаат врз композициите и визуелните трендови во рамките на графичкиот дизајн, илустрациите и фотографијата.
Брзо растечката генерација Z која е водена од технологијата ќе продолжи да ужива во својата фасцинираност со фотографија и споделување на социјалните медиуми на секојдневна основа.
Природниот аспект на нештата ќе се проткајува низ целата 2017 година, а ќе произлезе од желбите за сирови емоции, несовршеност, индивидуалност и необработени ресурси.
Како овие визуелни трендови ќе ги преведеме во поглед на графичкиот и дигиталниот дизајн, брендирањето, фотографијата и другите области како модата и живеењето?
Боја
Pantone ја прогласи бојата за 2017 година и ја наименува како ‘’Greenery’’ – базирана на репрезентација на новите почетоци, свежина и екологија.
Станува збор за свежа и лимонова жолто-зелена нијанса која евоцира спомени на пролет. ‘’Greenery’’ дава поттик за свеж нов бран, реобнова и потсетува на враќање во природата.
Покрај оваа нијанса, очекувајте ги и новите модерни длабоки тонови како ‘’ khaki’’, ‘olive green’’, ‘’ brick red’’, ‘’maroon brown’’ и ‘’charcoal grey’’ кои сакаат да рекреираат чувство на богати земјени материјали и минерали.
Пример од Viewpoint Colour магазин креиран од FranklinTill Studio со поддршка на Pantone.
Рециклирањето е тренд кој ќе воведе акцентирање на бои од синтетичка природа како пластика, креирајќи слоеста, тесктурирана естетика која има персонализиран пристап.
Графички дизајн/брендирање
Брендирањето ќе биде фокусирано на самиот изглед на производот наместо на пакувањето кое го крие самиот производ. Постои барање вистинскиот производ да биде изложен на дисплеј.
Ова е најочигледен тренд кога станува збор за пакувањето на храна. Транспарентните шишиња со лесно прегледни состојки ќе придонесат кон зголемување на нашите грижи за составот на она што го јадеме и пиеме како и практиките на компаниите во однос на процесот на производство.
Потребата за етичко производство лесно се согледува во технологијата. Да ги земеме за пример Fairphone етички бренд за производство на паметни телефони. Овој бренд сосема е достоен на својата практика на обезбедување ресурси за производство на телефоните. Од обезбедување на ресурси како минерали од Rwanda до обезбедување на добри производни практики во рамките на самата компанија со Fairphone многу јасно знаете како самиот производ ќе стигне до вас. Пакувањето е транспарентно со цел да ви покаже од што е направен самиот производ.
Како што светот станува глобално насочен, сликата на брендовите ќе се проткае низ повеќе култури и ќе премине низ повеќе општествени граници како што предвидуваат од Getty Images.
Очекувајте едноставни линии и смели шеми на бои кои креираат јасни интерфејси како оние што се користат кај смартфоните. Ова веќе го видовме во примерите од популарните векторски обликувани логоа кај дигиталните старт-апи или традиционалните трендови кои се обраќаат на помладата публика како NatWest, Co-op and Kodak кои се движат кон таа насока.
Фотографија
Жените во 2017 година ќе бидат презентирани од аголот на она што го прават наместо она што го носат врз себе. Модерните жени се активни не се плашат да ‘’ги извалкаат своите раце’’. Оваа перспектива на модерната жена може се погледне и во новата реклама на Nike.
Носталгијата за 90тите ќе биде тренд во рамките на визуелната комуникација . Полароидите како flesh фотографии, ‘’snapshots’’ и силниот јасно истакнат стил и бои ќе ја дефинираат целната публика родена во 90 тите која ќе стане бренд амбасадор за помладите брендови.
Нефилтрираните портрети повторно се враќаат во мода. Спонтаноста, движењето и сировата емоција се она што ќе биде јасно истакнато. Споделувањето на фотографии во кои се крие спонтана приказна или пак одреден момент се она што ќе биде тренд за 2017 година.
Пример за ова е проектот за фотографија на Hyung S Kim наименува како The Haenyeo, во која документира женски нуркачки– “еко-феминистки” – кои ловат риби на јужниот крај на Корејскиот брег.
Мода
Dior, Gucci и Versace експериментираа со инкорпорирање на спортска опрема во нивните колекции за пролет/лето 2017 година.
Спортската опрема стана ‘’кежуал’’ облека за западното општество кое ја цени здравата исхрана, здравото живеење и добросостојбата.
Дури и најновиот бренд за облека на Beyonce Ivy Park, е базиран на комфорна облека која нуди модерни додадоци и за секојдневните активности но и за перформанс.
‘’Khaki’’ е тренд со кој ќе се екпериментира скоро од секого во 2017 година, а трендот потекнува од настанот New York Fashion week.
Исто така очекувајте облека која е рециклирана како што е во случајот на кинеската дизајнерка Ma Ke која во својата колекција Fear and Love: Reactions to a Complex World exhibition го пренесува духот на руралната традиција во Кина .
На оваа изложба исто така е приложена и инсталацијата на Christien Meindertsma – Fibre Market – која го истражува потенцијалот на рециклирање на текстили како волнени џемпери. Уметникот има за цел да ја прикаже врската помеѓу сировите материјали со производителите и производите со потрошувачите.
Во 2017 природниот свет ќе се доведе во урбаните домови – растенија ќе растат во бетонски структури, ботанички тапети ќе бидат во тренд, како и собирањето на отпад за рециклирање ќе се инкорпорираат во полето на производството на мебел.
Славењето на неконтролираните процеси и сировоста на дизајнот ќе бидат трендови и во површините во домот. Собраните природни материјали како дрво, камен, метал ќе бидат доминантни во поглед на дизајнот на ентериерите.
Проектите во естетиката од типот ‘’направи сам’’ почесто ќе ги гледаме – во овој дел станува збор за рачно направени персонализирани предмети кои не се дел од масовното производство што ќе им даде дополнителна вредност и нова димензија на ваквите предмети за потрошувачите.
Природната убавина ќе се базира на едноставност.
Пример за ова е колекцијата на Croft House за 2017 година. Компанијата реставрира стар мебел и го продава по разумни цени и притоа нуди персонализирано парче на мебел.
Ваков тип на дизајни забележани се кај Tina Frey designs, студио кое работи во San Francisco и се темели на принципите на функционалност и едноставност.
За фотографите и графичките дизајнери, ова треба да е контекстот во кој треба да го претставуваат производот на клиентите.
Добросостојба
Иако во овој дел не станува збор за визуелен тренд сепак мора да се разбере важноста на психолошките причини кои стојат зад овие растечки трендови.
Импактот на околината во нашето секојдневие и добросостојба секогаш треба да се согледува од аголот на дизајнерите на просторот за живеење, производите и материјалите. Со зголемената урбанизација и дигиталниот животен стил многу е важно да се навратиме на природните живеалишта и да живееме во хармонија со природата околу себе.
2016 беше година на јога, медитација и теретани. was the year of yoga, meditation and gym sign-ups. 2017 ќе продолжи со овој ‘’Hygge’’ феномен (се изговара hue-gah).
Ова е дански збор кој означува расположение или чувства кои произлегуваат од задоволствата од обичните, секојдневните моменти во животот.