Најактивните и најголеми медиски и маркетинг агенции во Република Македонија, во изминатата 2016 година оствариле вкупни приходи од речиси 35 милиони евра што како вкупен резултат е намалување на приходната страна за околу 320 000 евра во споредба со 2015 година кога истите агенции оствариле вкупно приходи од околу 35,3 милиони евра.
Маркетинг365, првиот македонски портал за маркетинг, медиа и ПР индустријата, ги анализираше завршните биланси на 29-те најактивни и најголеми медиски и маркетинг агенции во земјава (по азбучен ред: Адвентиџ, Бренд Јунион, Греј – Ворлдвајд, Дивисион, Дирецт Медиа, Еден На Еден, ЕПП Комјуникејшенс, Идеа Плус, Имика, Иноватива, Интелекта, Кајгана, Кликер Маркетинг, КМГ Груп Спорт, Маркет Висион, Медиа План, Медиа Хаус, Меккен Ериксон Груп, Мој Маркетинг, МП Медиа, Њу Момент Њу Идеас Компани, Оватион Адвертисинг, П Ворлд Глобал, Плус Медиа, Публицис, ТДМ Комуникации, Универзал Медиа, Футура 2/2 и Хттпоол) и така дојдовме до бројката вкупни приходи од 2 155 727 652 денари (35 052 482 евра).
Вкупните расходи на овие 29 агенции за претходната 2016 година изнесувале 2 084 942 490 денари или околу 33,9 милиони евра.
Прочитај и:
** Петте најголеми телевизии во 2016-та оствариле приход од речиси 18 милиони евра