Ограничувањето на рекламирање на храна со високи содржини на масти, сол и шеќер (HFSS), како и акциите “со купување на 2 производи, третиот го добивате гратис“, е одложено за една година
Зголемените животни трошоци се наведени како главна причина за одложување на новите правила за забрана на рекламирање на нездрава храна, кои требаше да стапат на сила на 1 јануари 2023 година.
Наместо тоа, Владата соопшти дека ќе започне со консултации за предлогот во наредните недели бидејќи има за цел да се справи со растечките проблеми со дебелината.
Ограничувањата на маркетингот на помалку здрави производи – клучниот дел од владините заложби за намалување на дебелината – ќе стапат на сила во октомври 2022 година, како што е планирано. Ова ќе значи дека производите што се помалку здрави, повеќе нема да се промовираат на клучни локации, како што се каси, влезови во продавници и слично, а истото важи и за нивните онлајн еквиваленти.
Ограничувањата со кои се забрануваат ТВ рекламите на храна со високи содржини на масти, сол и шеќер (HFSS), пред 21 часот и платените онлајн реклами ќе бидат паузирани за една година, што значи дека ќе стапат на сила во јануари 2024 година.
Ова одложување ќе им даде простор на сите страни да се прилагодат на новите околности.
Владината министерка за медиуми и дигитална технологија рече дека се уште е „одлучна да се справи со дебелината кај децата и напорно да работи за да го подобри здравјето на младите“.
„Ги послушавме загриженоста што беше покрената и нема да воведуваме ограничувања за рекламирање на нездрава храна додека не бидеме сигурни дека е вистинското време“, додаде таа.
Здруженијата за адвертајзинг, како IAB U.K., ISBA и Advertising Association се спротивставија на таквата забрана, повикувајќи се на владини истражувања кои покажаа дека мерките нема да бидат ефективни во борбата против дебелината.
Во изјавата, Фил Смит, извршен директор на ISBA, рече дека организацијата го поздравила одложувањето бидејќи тоа не им оставило доволно време на компаниите да се подготват.Тој додаде дека во време на финансиска криза не е момент за вакви мерки.