Кога знаеш како, секој твој потег е приказна
Во најновата кампања на Лашко Македонија, ја дознаваме приказната на Лашко човекот – типичниот конзумент на познатото Словенечко пиво достапно во Македонија благодарение на Пивара Скопје.
Кампањата е развиена врз основа на концептот „знаеш како“, карактеристика која ги врзува сите љубители на Лашко. Искуството, стилот, потребата од врвен квалитет комбинирани во едно, прават Лашко човекот да знае како да ги направи вистинските избори.
Во кампањата изработена од маркетинг агенцијата Brand Union, имаме можност да погледнеме три ситуации во кои Лашко човекот знае како – типичен ден после работа, традиционално одење на бербер, домашна забава која тој знае како да ја претвори во одлична вечер…
Интересното за оваа кампања е што сите три приказни од серијалот се снимени во „first person“. Гледачот преку начинот на снимање се става на местото на главниот лик и добива можност да ги доживее случувањата од негова перспектива.
Кампањата е комплетно спроведена онлајн на Facebook страницата на Лашко Македонија.
Погледнете ја Лашко приказната тука: